Генералното собрание на ОН усвои резолуција за Чернобил

chernobil
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Генералното собрание на ОН без гласање ја усвои резолуцијата за катастрофата во Чернобил. Резолуцијата со наслов „Трајното наследство од катастрофата во Чернобил“ беше покрената заеднички од Русија, Белорусија, Азербејџан, Ерменија, Велика Британија, Канада, Кина, САД и голем број земји од ЕУ.

Вп документот се признава потребата за континуирана меѓународна соработка за Чернобил под покровителство на ОН и ја нагласува потребата од продолжување на следењето на животната средина и здравјето на регионите и заедниците погодени од катастрофата во Чернобил за да се оцени ефикасноста на меѓународната помош.


Резолуцијата ги повикува земјите-членки и сите заинтересирани партнери да ја поддржат меѓународната соработка поврзана со Чернобил со цел да се постигнат целите за одржлив развој во регионите погодени од катастрофата, преку партнерства, иновации и инвестиции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK