Се уриваат дивоизградени објекти во ,,Тенеќе маало” во Кавадарци

kavadarci_34534354353
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Продолжува уривањето на дивоизградени објекти во ,,Тенеќе маало” во Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

– На ова место, според програмата за комунална изградба на Општина Кавадарци, е планирано да се продолжи со кејот на реката Луда Мара и подигање на зелена површина, парк. Во расчистувањето на теренот е вклучена механизација од компанијата  ,,Ја – Ми” и јавното претпријатие ,,Комуналец”, соопштија од кабинетот на Јанчев.


Истовремено се работи на обновување на детското игралиште во ,,Парк на револуцијата”.

– Денеска се работи на бетонирање на игралиштето, по што ќе се постави нова гумена подлога и ќе се монтираат нови и репарирани детски реквизити. Изведувач на работите е ,,Ас машини” ДООЕЛ, појаснија од градоначалничкиот кабинет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK