Се реконструира паркот на просторот кај споменикот на Манчо Малиминов во Неготино

negotino_345435434
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Се реконструира паркот на просторот кај споменикот на Манчо Малиминов во Неготино, информираше денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.







– Граѓаните на општината Неготино ќе добијат на располагање пријатно и безбедно, катче каде во одмор и релаксација ќе можат да поминуваат дел од слободното време. Имено, во тек се градежни активности за реконструкција на  паркот на просторот кај споменикот на Манчо Малиминов, кои започнаа со расчистување, со кастрење и косење на грмушки и трева и поставување на водоводна линија, а продолжија со бетонирање на пешачки пристапни патеки, соопшти градоначалникот.

Стојанов додаде дека во тек е набавка на садници со кои ќе се разелени просторот, а ќе биде поставена и урбана опрема.

Манчо Малиминов бил истакнат револуционер, кој во средината на април 1943 година, бил прв на списокот за излегување во партизани, во неговиот крај.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK