Седница на собраниската Комисија за европски прашања, на дневен ред законските измени за коридорите

komisija_234234324
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Собраниската Комисија за европски прашања вечерва ќе одржи седница на чиј дневен ред се предлог-законските измени за изградба на коридорите 8 и 10д за кои денеска на пленарна седница беше утврдена потребата да се носат по скратена постапка, со европско знаменце.

На дневен ред е и Предлог-законот за академија за судии и јавни обвинители, исто така по скратена постапка.


Владата завчера ги достави предлог-измените на петте закони: за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола), за урбанистичко планирање, за градење, за експропријација и за работните односи.

Означувањето со европско знаменце на законските измени ја одбележа целодневната дебата во Собранието. Опозицијата го повтори ставот дека со измените не се врши усогласување со европското законодавство и оти се злоупотребува механизмот на европското знаменце, додека власта и натаму тврди дека со измените ќе се овозможи побрза и поевтина изградба на коридорите. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK