Украинците потврдија дека руска бригада избегала од предградие на Бахмут

ukraina
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украински војници денеска соопштија принудиле руска пешадиска бригада да се повлече од областа кај Бахмут, потврдувајќи ја неодамнешната изјава на лидерот на руската платеничка група Вагнер дека руските сили побегнале.

Москва не ги коментираше извештаите на ниту една од страните дека 72-та посебна моторизирана стрелачка бригада ги напуштила своите позиции во југозападните предградија на Бахмут.


Руското Министерство за одбрана не одговори на барањето на некои агенции за коментар, а светските агенции истакнуваат дека не можат независно да ја потврдат ситуацијата на теренот.

Руската бригада обично има неколку илјади војници.

Бахмут, град во источна Украина, е главна цел на руската офанзива уште од зимата и во и околу градот се водат најкрвавите борби во Европа од Втората светска војна.

Водачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, вчера изјави дека руската бригада ги напуштила своите позиции.

Украинската Трета одделна јуришна бригада денеска соопшти: „Официјално е. Извештајот на Пригожин за бегството на руската 72-та независна моторизирана стрелачка бригада од областа Бахмут и 500-те оставени тела на Руси е вистинит“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK