Русија ги укинува визите за Грузија и ги обновува директните летови за Тбилиси

Rusija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска потпиша укази со кои се укинуваат визите за граѓаните на Грузија и забраната за летови кон Тбилиси.







Според првиот указ, од 15 мај граѓаните на Грузија ќе може да влегуваат во Русија без визи, ако престојуваат во земјата пократко од 90 дена и ако не работат.

Со вториот указ се укинува забраната за летови кон Грузија, што Русија еднострано ја воведе во 2019 година.

По потпишувањето на указите, руското Министерство за надворешни работи ја укина препораката од 2019 година руските граѓани да избегнуваат патување во Грузија.

Односите помеѓу Москва и Тбилиси се тензични уште од 90-тите години на минатиот век, по распадот на Советски Сојуз. Русија и Грузија војуваа во 2008 година по што Тбилиси изгуби контрола над два проруски сепаратистички региони.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK