Фронтекс ја чува целата граница на Црна Гора

fronteks
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) ќе ја штити целата црногорска граница, не само областите на заедничката граница со земјите од Европската унија (Хрватска и Италија), како што беше до сега случајот.

Ова е предвидено со Договорот меѓу ЕУ и Црна Гора за оперативните активности што Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) ќе ги спроведува во Црна Гора, а кој беше усвоен од Советот на ЕУ.


„Договорот меѓу Европската унија и Црна Гора за оперативните активности што ги спроведува Фронтекс во Црна Гора е одобрен во име на Унијата“, се наведува во документот до кој Побједа имала увид.

Договорот стапува во сила по објавувањето во Службениот весник на Европската Унија.

Во однос на претходниот договор со кој и беше дадена помош на Црна Гора во областа на управувањето со границите и можните кризни ситуации поврзани со зголемениот проток на мигранти од Блискиот Исток и конфликтните области само на заедничката граница со земјите од ЕУ, Советот на ЕУ предвидува пошироки надлежности на Фронтекс во новиот договор поточно на границите на Црна Гора со трети земји – Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина – од каде што се случува најголемиот прилив на мигранти и илегално преминување на државната граница.

Договорот предвидува заеднички оперативни активности на тимовите на Фронтекс со Граничната полиција на Црна Гора, пишува во договорот што го потпишаа Владата на Црна Гора и ЕУ.

Исто така, се наведува дека тимот на Фронтекс може да биде распореден на територијата на Црна Гора, вклучувајќи ги нејзините копнени, поморски и воздушни граници со други земји.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK