МВР информира дека синоќа, околу 20.45 часот во Тетово, полициски службеници на тетовското СВР, ги лишиле од слобода тетовците Ф.Ш.(47) и Б.Ш.(41) поради дрога.
– При претрес, извршен со судска наредба во нивниот дом, биле пронајдени и одземени хероин, две странски возачки дозволи и лична карта за кои постои сомнение дека се фалсификувани, соопштуваат од полицијата.
Двајцата биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.