Стружанец ловел риба на Дебарско Езеро со водна пушка-харпун

struga-ezero
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициските службеници од дебарското одделение за внатрешни работи лишиле од слобода жител на Струга затекнат при незаконит риболов на Дебарско Езеро.







– Вчера во 14 часот, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода А.Д.(56) од струшкото село Добовјани. Во месноста „Манастирец“ на Дебарското езеро, тој бил затекнат при незаконит риболов, користејќи водна пушка-харпун марка „Марес“ и метална шипка-вила за риболов, информираше Стерфан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Предметите и уловените риби биле одземени и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Месноста „Манастирец“, попозната како „Три чешми“, се наоѓа на левата страна од патниот правец кон Струга, каде често е присуството на риболовци од многу градови во земјава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK