– Сервисот за онлајн обложување Бет365 мора да им плати обесштетување на 23 дански спортисти, вклучувајќи го и фудбалерот Кристијан Ериксен, поради користење на нивните идентитети и фотографии на социјалните мрежи без согласност, одлучи денеска судот во Данска.
Британската обложувалница е задолжена да им плати на спортистите 4,7 милиони дански круни (697.00 долари).
Најголема сума (1,45 милиони круни) ќе добие фудбалерот на Манчестер јунајтед, Ериксен, а обесштетување ќе добијат и олимпискиот првак во бадминтон Виктор Акселсен, фудбалерот Симон Кјаер и голманот Каспер Шмајхел.
Бет365 во својата одбрана тврдеше дека на користењето на имињата и фотографиите од данските спортисти треба да се гледа како на уметничка содржина ослободена од обврска за надомест, додека данскиот суд утврди дека тоа претставува маркетинг за кој е потребна согласност.