Сон жртва на расни навреди од навивачи на Кристал палас

son_totenhem_4645645
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Раководството на лондонски Кристал Палас најави денеска дека ќе го истражи случајот на наводна навреда на расна основа од клупските навивачи кон играчот на градскиот ривал Тотенхем, Хеунг Мин Сон.







Инцидентот се случи во завршницата на натпреварот од 35. коло во Премиерлигата, во кој Тотенхем како домаќин го совлада Кристал Палас со 1-0. Во 89. минута, јужнокорејскиот репрезентативец, напуштајќи го теренот, мина покрај трибината на која беа сместени гостинските навивачи. Во тој момент еден од навивачите на Кристал Палас го навредуваше Сон на расна основа со погрдни гестикулации.

„Знаеме дека циркулираат видеоснимки од тој настан, а имаме и други информации кои ги добивме. Како клуб сигурно нема да толерираме такво донесување“, соопшти Кристал Палас.

Англиските медиуми пренесуваат дека на навивачот му се заканува забрана за влез на стадионите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK