СВР Куманово со повеќе активности до одбележа 7 мај, Денот на полицијата, соопштија денеска од полицијата. Во активностите на полицијата беа вклучени млади и повозрасни граѓани.
– Изминатиот викенд, како и целата недела, полициски службеници од отсекот за превенција реализираа повеќе активности. Во сабота беше одржан турнир во одбојка во женска конкуренција помеѓу екипи од основните училишта од општина Куманово, а во соработка со општински сојуз на училишни спортови Куманово, во рамки на превентивната кампања од насилство во спортот и едуцирање на младите за примерно однесување на спортски натпревари. По завршување на турнирот на најдобро пласираните екипи им беа доделени дипломи, информираа од полицијата.
Викендов, претставници од полицијата учествуваа на шаховски турнир со екипи од Здружението на армиско полициски ветерани, Здружение на пензионери, шаховски клуб Куманово, СВР Куманово и претставници од Сектор за образование.