Клубска изложба на уметничка фотографија „Мајски Салон 2023“ во Куманово

izlozba
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Изложбата „Мајски салон 2023“ традиционална клупска изложба на ФКК „Козјак“ ќе биде отворена вечерва во НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово со почеток во 19:30 часот, информираа денеска од клубот. Оттаму велат дека посетителите ќе имаат да ја видат и изложбата на уметничка фотографија насловена „Различни погледи“ од членовите на нивниот збратимен Фото клуб „Марибор“ од Словенија. Покровители на изложбата се Општина Куманово, Министерство за култура и поддржана од НУЦК и под патронат на Фото Сојуз на Македонија.
– Публиката ќе има можност да види најразлични фотографии, моменти од реалноста, емоции, многу мигови зграпчени и ставени во рамка. Изложените дела се показател на сериозноста и посветеноста со која и пристапуваме на оваа уметност и претставуваат уште еден доказ за оправданоста на интернационалното реноме кое го има ФКК „Козјак“, велат од клубот.







Од нивниот збратимен клуб пак додаваат дека се горди на својата долга традиција на организиран фото аматеризам кој негува и развива аматерски – уметнички фотографски израз и сликовит запис на реалноста.

– Во својата богата историја има придонесено на многу начини, а продолжуваат со придонесот во развој на фотографијата првенствено во Марибор и Словенија, но неговото влијание во некои периоди е многу поинтензивно, пошироко и подалекусежно, велат од словенечкиот клуб.

Воедно од ФКК „Козјак“ одбележува 75 години од јубилејот. Покрај вечерашните изложби, клубот го организира и меѓународен фестивал на краток филм „ФИЛМАЈ 2023“ кој веќе пет години по ред се одржува, годинава на крајот од мај (30 и 31) во занаетчискиот дом во Куманово.

– За жал, фотографијата како уметничко изразување, во Македонија е помалку или повеќе, пасија на ниво на хоби, организирана во повеќе фото-клубови ширум државата. Но дури и како таква, таа побудува се поголем интерес кај младите што резултира со дела кои го збогатуваат квалитетот на македонската фотографија и се повеќе ги истакнуваат нејзините специфики. Токму како поддршка на креативноста на младите и неафирмирани фотографи, но и како презентација на оние наши членови чии имиња и дела се веќе препознатливи во светот на уметничката фотографија, ФКК „Козјак“ оваа година слави 75 години од своето постоење, велат од клубот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK