Државен тракторски натпревар за средношколци в среда во Кавадарци

kavadarci
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Државен тракторски натпревар за средношколци ќе се реализира во среда во Кавадарци, информираше денеска во изјава за МИА, Ефремчо Николов, професор во кавадаречкото Средно земјоделско – шумарско училиште, ,,Ѓорче Петров”. Целта на натпреварот е ученици да се стекнат со практични вештини врз основа на теоретската и практичната наобразба што ја стекнале во текот на школувањето. Натпреварот е признат од МОН и Центарот за средно стручно образование и обука, а учество ќе земат вкупно околу 130 ученици, 55 професори ментори, а како претседатели на секоја поединечна дисциплина ќе бидат вклучени и универзитетски професори од Штип и од Скопје.







– Во организација на здружението на земјоделски и шумарски училишта на Македонија, Тера-Фитон-Анимал и нашето училиште што постои 67 години, го организираме 51 државен тракторски натпревар. Во натпреварот учество ќе земат 10 земјоделско – ветеринарни и шумарски училишта со нивните професори и ментори. Учениците ќе се натпреваруваат во шест дисциплини. Вешто возење и управување со трактор со категории машки и женски, препознавање на семиња и плевели, коски и органи кај домашни животни, калемење на овошки, аранжирање на цветни аражмани и органско земјоделско производство, појасни Николов, кој е потпретседател на здружението на земјоделско – ветеринарни и шумарски училишта.

Според агендата, натпреварот треба да го отвори градоначалникот Митко Јанчев, а свое обраќање да имаат и претседателот на здружението на земјоделски и шумарски училишта Игорче Николов и директорката на училиштето Ратка Росомански.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK