Облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови


oblacno-skopje.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 30 l/m²). Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.


Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска акивност, до недела времето ќе биде претежно облачно со врнежи кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), а во текот на целиот период и над 80 l/m². Поради спуштање на ладна воздушна маса од север, за време на викендот врнежите ќе бидат од дожд и снег на некои од повисоките места, а на планините само од снег каде ќе се формира нова снежна покривка. Од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK