Детали за сообраќајката кај Блаце: Со дрон лоциран превртен автомобил, откриен е и идентитетот на загинатите


lenta-policiska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Маж и жена од Косово и една жена од Турција, сите со живеалиште во Германија, се тројцата загинати во сообраќајната несреќа што се случи вчера кај Блаце. Претходно  жител на Косово ги пријавил тројцата во полиција како исчезнати. Во потрагата бил вклучен и дрон, а се пребарувале и камерите од „Безбеден град“.


Вчера во 13:40 часот во Полициската станица Бит Пазар, М.Ш.(56) од Косово пријавил дека неговата сопруга Ф.Ш.Т., нејзиниот брат У.Т. и неговата сопруга Џ.К. се исчезнати, односно не можел да стапи во контакт со нив откако на 18.07.2026 во 22:15 часот заминале со возило од Меѓународниот аеродром Скопје.

„Веднаш по пријавата за исчезнати, екипи од СВР Скопје од ЕВР Чаир, Центар, и Единицата за интервентна полиција извршија пребарување на камерите на Безбеден град за да се лоцира трасата на движење на исчезнатите лица и возилото кое го користеле, подигнат беше и дрон над трасата поради фактот што беше утврдено дека возилото не ја напуштило државата преку ГП Блаце“, велат од МВР.

Вчера вечерта во 22:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Граничен премин Блаце – Скопје, кој е затворен за сообраќај и кој е во изградба патничко возило „мерцедес” со германски национални ознаки излетало од патот и се превртело. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот У.Т.(64) од Косово, со живеалиште во Германија и сопатничките Ф.Ш.Т.(56) од Косово и Џ.К.(54) од Турција, двете со живеалиште во Германија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK