Синоќа на 19.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот ГП Блаце-Скопје има превртено возило “мерцедес” со германски национални ознаки.
На местото на настанот веднаш биле упатени полициски службеници и утврдено е дека во возилото има три починати лица ( едно машко и две женски лица).
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Претходно, во 13:40 часот во ПС Бит Пззар, државјанин на Косово пријавил дека три лица се исчезнати, а последен контакт имал со нив на 18.07.2026 околу 22:15 часот, кога тие биле на аеродромот во Скопје.