Кривична против поранешен градоначалник на општина Дебрца за „злоупотреба на службена положба и овластување“


opstina-debrca-mvr-slika.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60) од село Волино, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.


Пријавениот, во периодот од 2017 до 2025 година, во својство на градоначалник на општина Дебрца, со пропуштање на должен надзор не утврдил правни и физички лица кои се сопственици, корисници или носители на право на располагање со недвижен имот на територијата на општина Дебрца кои подлежат на обврска за плаќање данок на имот, како и за нивно реоданочување.

Со тоа, пријавениот ја оштетил општина Дебрца во износ од 431. 245 денари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK