Државјанка на Велика Британија тешко повредена во сообраќајка на патот Кичево–Охрид


policija-foto-mvr.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дваесет и тригодишна државјанка на Обединетото Кралство е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на магистралниот пат Кичево–Охрид.


Како што информира МВР, на 10 јуни во 17:50 часот, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.У.К. (23) од Обединетото Кралство, удрило во метална заштитна ограда и излетало од коловозот.

Во несреќата тешки телесни повреди добила неговата 23-годишна сопатничка Б.А., исто така од Обединетото Кралство. Повредите биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK