Гонзало Гарсија, Фран Гарсија, како и Брахим Дијаз, Едуардо Камавинга и аргентинското „чудо од дете“ Франко Мастантуоно, не се во плановите на Жозе Мурињо за првата сезона по враќањето во Мадрид.
Со оглед на тоа што Португалецот сè уште не е официјално претставен на стадионот „Бернабеу“, ова тврдење на новинарот на радио „Кадена Сер“ може да изгледа неосновано и произволно, но…
Исто така, добро е познато дека Мурињо често почнувал да работи во клубови со случајна „чистка“ во соблекувалната. Така, на пример, го отстрани Бастијан Швајнштајгер од првиот тим на Манчестер Јунајтед пред дури и да го направи првиот тренинг со германскиот ас.
Оние кои знаат како „работи“ Мурињо потсетуваат дека на овој начин го зголемува притисокот врз челниците на клубовите каде што работи да доведат засилувања – веднаш, а не по една или две сезони – бидејќи им укажува „на време“ кои се слабите алки во соблекувалната.
Foto/ Depositphotos