Општина Центар: Модернизација на уличното осветлување и електричната мрежа на потегот од ООУ „Ј.Х. Песталоци“ до Романската амбасада


opstina-centar1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Центар информира дека на 11.06.2026 година ЕВН започнува со реконструкција на мрежата за улично осветлување и електроенергетската мрежа за напојување на корисниците.


Првата фаза од активностите ќе се реализира на потегот од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ до Романската амбасада, по што ќе следуваат и други фази од реконструкцијата.

„Во рамки на активностите, секаде каде што е можно, старите дрвени бандери ќе бидат демонтирани, а напојувањето ќе се врши преку нови подземни кабли. По завршувањето на земјените работи, тротоарите ќе бидат целосно обновени и реконструирани.

Со реконструкцијата ќе се обезбеди посигурно и поквалитетно снабдување со електрична енергија, ќе се намали ризикот од дефекти, пожари и непланирани прекини, а ќе се создадат и услови за приклучување на нови корисници на мрежата“, соопшти Општината и апелира до граѓаните за разбирање и трпение за време на реализацијата на активностите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK