Ограничување на пловидбата за скутери и чамци на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро


depositphotos_522592802_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во насока на зголемување на безбедноста на капачите и учесниците во пловидбата, а заради заштита на човечките животи и непречено користење на езерските води, Владата на предлог на Министерството за транспорт донесе Одлука за ограничување на пловидба на пловни објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро.


Имено со Одлуката се ограничува: Пловидба на скутери во период од 1 јули до 31 август 2026 година од 11 часот се до 19 часот.

Пловидба на чамци и тоа:

од 3 јуни до 31 август 2026 година во времетраење од 21.00 до 05.00 часот

од 1 септември до 30 септември 2026 година во времетраење од 20.00 до 06.00 часот

од 1 октомври до 31 октомври 2026 година во времетраење од 19.00 до 06.00 часот

Оваа Одлука, како што е соопштено, се носи со цел намалување на ризикот од несреќи, спречување на загрозување на безбедноста на капачите и зачувување на јавниот ред на езерата.

Информираат дека надлежните служби ќе вршат засилени контроли и за непочитување на пропишаните ограничувања ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законските прописи.

Апелираат до сите сопственици и управувачи на скутери и чамци да ги почитуваат правилата за пловидба, означените безбедносни зони и насоките на надлежните органи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK