Командант на НАТО: Повлекувањето на американските сили нема да ја загрози одбраната на Европа


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Врховниот командант на НАТО, Алексус Гринкевич, изјави дека одлуката на САД за повлекување на една оклопна бригада, односно околу 5.000 војници од Европа, нема да им наштети на одбранбените планови на Алијансата на континентот.


Гринкевич, кој се обрати во Брисел по состанокот со воените команданти на земјите членки на НАТО, нагласи дека европските сојузници и Канада преземаат поголема одговорност за конвенционалната одбрана во Европа, додека американските капацитети континуирано се прилагодуваат.

Според зборовите на командантот, зајакнувањето на европскиот столб во рамките на сојузот му овозможува на САД да го намали своето присуство на тлото на Европа.

Намалувањето на војниците значи дека САД во иднина ќе се ограничи главно на обезбедување на оние критични капацитети и способности кои сојузниците сè уште не можат сами да ги остварат.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп го најави повлекувањето на околу 5.000 војници кои се стационирани во Германија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK