Лагард: На Европа ѝ се заканува финансиски удар поради климатските екстреми
Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денес предупреди дека овогодишните топлотни бранови, сушите и шумските пожари во Европа се предупредување за зголемените економски трошоци од климатските промени, кои би можеле дополнително да се зголемат во иднина. На Европа ѝ е потребна подобра заштита од финансиските последици од климатските промени и пофлексибилен енергетски систем што ќе овозможи поефикасно користење …
Continue Reading
„Никогаш нема да го видите Шумахер“
Помина повеќе од една деценија од тешката несреќа на Михаел Шумахер на скијање, но здравствената состојба на легендарниот возач на Формула 1 е сè уште една од најголемите мистерии во светот на спортот. Од 2013 година, семејството на седумкратниот светски шампион не дава никакви информации за неговото закрепнување, а германскиот телевизиски водител Флоријан Кениг, долгогодишен пријател на Шумахер, верува дека …
Continue Reading
Повеќе едукација за сообраќајна безбедност во училиштата, најави Јаневска
Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030 претставува значаен стратешки документ што го препознава придонесот на образованието во создавање сообраќајна култура и долгорочно унапредување на безбедноста во сообраќајот, рече министерката за образование и наука, Весна Јаневска на промоцијата на новата Стратегија. „Образованието е еден од најмоќните превентивни механизми. Знаењата, ставовите и навиките што придонесуваат за безбедно учество во …
Continue Reading
АХВ негира дека Миланов поднел оставка поради притисокот од сточарите – барањата за негова смена не биле фактор
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги отфрли тврдењата на претседателот на асоцијацијата на сточари Насер Џемаили дека оставката на досегашниот директор Оливер Миланов е резултат на притисокот и незадоволството на сточарите поради доцнењето на вакцините против сипаници кај овците и козите. Во демантот, АХВ наведува дека станува збор за лична интерпретација на настаните, која, според институцијата, не ја одразува …
Continue Reading
Лион одеднаш остана без тренер
Францускиот прволигаш Лион официјално објави дека нивниот сегашен тренер, Пауло Фонсека, заминува во португалскиот клуб Спортинг. Фонсека ја презеде функцијата од Лион на 31 јануари 2025 година, заменувајќи го отпуштениот Пјер Саж, и потпиша договор кој требаше да важи до 30 јуни 2027 година. Со благодарност кон португалскиот стручњак, Лион изјави дека „изразуваат длабоко жалење, особено за оваа неочекувана одлука …
Continue Reading
(Видео) Мацура сега е во притвор, дали доаѓал во Македонија со приватен авион, прашува Филипче
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешената прес-конференција ги повика премиерот Мицкоски и гувернерот Славески, да одговорат на неколку клични прашања во врска со дозволата за влез на Алта банка во Македонија и контактите со сопственикот на банката, Давор Мацура. Филипче посочи дека ова не се неважни детали, туку прашања од кои зависат угледот и репутацијата на државата во Европа …
Continue Reading
(Видео) На натпревар во Бразил доделени 51 црвен картон
Натпреварот помеѓу Уберландија и Мамора во бразилската лига Минеиро, за фудбалери до 20 години ќе влезе во фудбалската историја. На овој натпревар, судијата додели вкупно 51 црвен картон по тепачка помеѓу играчите на двата клуба. 43 играчи од двата тима беа исклучени, а преостанатите осум беа поделени на членови на тренерските тимови и претставниците на тимовите. Сè започна кога играч …
Continue Reading
Годишната инфлација во Еврозоната се искачи на четири проценти во октомври
Годишната инфлација во Еврозоната, според прелиминарната „кратка“ проценка, се зголеми од септемвриските 3,8 проценти на четири проценти, така што сега е на највисоко ниво во последните три години, објави денес „Евростат“. Најголемиот придонес за растот на цените сè уште доаѓа од енергијата, чии цени во октомври беа за 20,8 проценти повисоки од претходната година, по зголемувањето од 18,9 проценти во …
Continue Reading
Либанскиот премиер предупреди: Не вовлекувајте ја земјата во нова војна
Либанскиот премиер Наваф Салам денеска предупреди дека постои можност неговата земја да биде вовлечена во нова војна доколку продолжи конфликтот на Блискиот Исток. Неговата порака е упатена до либанската милитантна група Хезболах, која има поддршка од Иран. „Соочени со ризиците од обновување на војната во регионот, повторно предупредувам на опасноста Либан да биде вовлечен во нова бесмислена авантура во служба …
Continue Reading