Кремљ: Путин покажал разбирање за американските предлози за деескалација

Рускиот претседател, Владимир Путин, покажал разбирање за одредени американски предлози за намалување на тензиите во војната во Украина, кои Доналд Трамп му ги претставил во вчерашниот телефонски разговор, соопшти Кремљ. „Рускиот претседател со разбирање прими одредени предлози на американската страна за мерки насочени кон деескалација“, изјави портпаролот Дмитриј Песков, пренесуваат ТАСС и РИА Новости. Тој не откри за какви предлози …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

(Видео) Механичари тврдат дека го направиле најширокиот автомобил во светот, пресекле „форд“ на пола и го прошириле

Американскиот тим од јутјуб-каналот „Prop Department“ пресече стар „форд фестива“ надолжно на половина и го прошири на околу три метри, пренесува „Телеграф“. Авторите го претставуваат како „најширокиот автомобил што смее да се вози по јавни патишта“. За необичната преработка користеле делови од други автомобили, челични зајакнувања и компоненти изработени со 3Д-печатач. Возилото има два волана, 14 држачи за чаши, климатизација …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

(Видео) ДУИ објави снимка со наводното полициско насилство, случајот е во МВР

ДУИ синоќа објави видеоснимка за која тврди дека прикажува полициско насилство врз двајца млади мажи при интервенција во средата. На снимката се гледаат удари, но од неа не може да се утврдат идентитетот на лицата и сите околности на инцидентот. Случајот е во рацете на полицијата. ДУИ побара итна истрага и одговорност за евентуално незаконско постапување.

Continue Reading

ЕУ нема да го следи Трамп во ублажувањето на санкциите за рускиот дизел

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, предупреди дека укинувањето на санкциите за рускиот дизел ѝ помага на Русија да ја финансира војната против Украина. Таа реагираше откако САД и Русија објавија дека постигнале договор за извоз на руско гориво. „Суспендирањето на санкциите за рускиот дизел ѝ обезбедува на Москва дополнителни приходи за војување. Сега не е време за ублажување на …

Continue Reading

Кавадарчанец приведен по пријава дека ја нападнал вонбрачната сопруга со тврд предмет

Триесет и двегодишен кавадарчанец е лишен од слобода по пријава дека физички ја нападнал својата 34-годишна вонбрачна сопруга, при што употребил и тврд предмет. Полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле С.М. (32) вчера, 9 октомври, во 11:20 часот во Кавадарци. Тој бил задржан во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По документирањето на случајот, против него …

Continue Reading

Бен Афлек зборуваше за поранешните сопруги

Бен Афлек во неодамнешно интервју ги пофали двете поранешни сопруги, Џенифер Лопез и Џенифер Гарнер. Промовирајќи го својот нов филм, зборуваше за актерскиот талент на Лопез, но и за тоа колку двете се успешни во градењето на своите брендови на социјалните мрежи, пишува „Хола“. Афлек во моментов го промовира филмот на Нетфликс „Animals“, кој го режираше и во кој глуми. …

Continue Reading

Филипче од маршот: Антифашистичкото наследство нè обврзува да ја вратиме државата во служба на народот

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на маршот во Прилеп по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, под слоганот „Непокор. Борба. Иднина – 85 години антифашизам“, порача дека антифашистичкото наследство нè обврзува да ја вратиме државата во служба на народот. Филипче истакна дека СДСМ е наследник на државотворните политики на партизаните и на вредностите на антифашистичката борба, и затоа …

Continue Reading

Роналдо привремено суспендиран

Фудбалскиот сојуз на Португалија привремено го суспендира Кристијано Роналдо поведувањето на дисциплинската постапка против него поради напуштањето на репрезентативниот камп. Роналдо го напушти кампот на репрезентацијата на Португалија бидејќи, како што наведе, селекторот Жорже Жезус „го прекршил дадениот збор“ со одлуката да не го внесе во игра на натпреварот против Норвешка и со одбивањето да го објасни тоа на прес-конференција. …

Continue Reading

Трамп ги ублажи санкциите за рускиот дизел, Германија нема да го следи

Германија нема да ги следи САД во привременото ублажување на санкциите за рускиот дизел, соопшти владата на канцеларот, Фридрих Мерц. Портпаролот на германската влада, Штефан Корнелиус, изјави дека Берлин ја примил на знаење американската одлука, но останува на својот став. „Сојузната влада останува на одлуката за санкции против Русија и со европските партнери работи на дополнителни санкции“, рече Корнелиус. Американскиот …

Continue Reading