(Видео) Механичари тврдат дека го направиле најширокиот автомобил во светот, пресекле „форд“ на пола и го прошириле


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот тим од јутјуб-каналот „Prop Department“ пресече стар „форд фестива“ надолжно на половина и го прошири на околу три метри, пренесува „Телеграф“. Авторите го претставуваат како „најширокиот автомобил што смее да се вози по јавни патишта“.

За необичната преработка користеле делови од други автомобили, челични зајакнувања и компоненти изработени со 3Д-печатач. Возилото има два волана, 14 држачи за чаши, климатизација и може да достигне брзина поголема од 110 километри на час.




Поради нестандардната ширина, авторите обезбедиле посебни дозволи и осигурување за возење по јавни патишта. Во првото дводневно тестирање поминале повеќе од 640 километри. Полицијата ги запрела неколкупати, но по проверката на документацијата им дозволила да продолжат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK