Еврокомесарката за новите клаузули за идните членки: Тоа е еден вид осигурување
Со заштитните клаузули во идните договори за пристапување, ЕУ сака да спречи новите членки да отстапат од обврските што ги презеле во текот на пристапните преговори. Тие клаузули се еден вид осигурување, изјави денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос. „Тоа е еден вид полиса за осигурување за да можеме да реагираме доколку биде потребно“, рече Кос, претставувајќи ги предлозите на …
Continue Reading
Украина постави услов до Брисел за членството во ЕУ
Украина не може да се согласи на модел на членство во Европската Унија со кој трајно би ѝ била ограничена продажбата на одредени прехранбени производи на пазарот на ЕУ, изјави украинскиот министер за земјоделство Тарас Висоцки за „Политико“. Европската комисија го поддржа таквиот модел во рамките на ревизијата на политиката за проширување, со која ЕУ се подготвува за идни проширувања. …
Continue Reading
Бугарскиот министер за погодените бродови: Имам свое убедување чии се дроновите
Бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов има лично убедување чии се дроновите кои претходно денеска погодија два брода во исклучителната економска зона на Бугарија во Црното Море. Тој ова го изјави за „БТВ“, но додаде дека нема да каже какво е неговото убедување без докази. Според него, во моментов сè уште не е јасно кому му припаѓаат дроновите. „Нема конкретни …
Continue Reading
Европската Унија предлага постепена интеграција за потенцијалните членки
Европската комисија денеска објави предлог за расправа за идното проширување, во кој на земјите кандидатки им се нуди постепена интеграција, но и со заштитни клаузули кои треба да обезбедат новите членки да го почитуваат она на што се обврзале во преговорите. Во документот насловен „Подготовка за поширока Унија“, Комисијата предлага насоки и практични чекори потребни за идните проширувања. Земјите кандидатки …
Continue Reading
Утре сончево време со температура до 28 степени, од петок дожд
Времето утре, наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со мала …
Continue Reading
Дуран: Веќе сум богат, немам потреба да бегам
Џон Дуран експлодираше во Астон Вила, од каде што замина во Ал Наср за 77.000.000 евра, но оттогаш неговата кариера се движи по надолна линија. Колумбиецот пристигна на позајмица од саудискиот Ал Наср во Бенфика ова лето, откако претходно беше позајмен во Фенербахче, Тој е во улога на резервен напаѓач зад Вангелис Павлидис, постигна еден гол во новиот клуб, врз …
Continue Reading
Реал му го продолжи договорот на Арда Гулер
Реал Мадрид се согласи да ја продолжи соработката со еден од своите важни играчи. Како што објави „АС“, Арда Гулер постигна договор со Реал за нов договор до летото 2031 година, со кој ќе се продолжи неговиот тековен ангажман за две сезони. Се очекува турскиот репрезентативец да добие и зголемување на платата, како потврда за сè поважната улога што ја …
Continue Reading
Гаши со делегација на Советот на Европа: Децентрализацијата е важен демократски принцип
Претседателот на Собранието Африм Гаши, како и претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска и потпретседателот на Комисијата за локална самоуправа, Пеце Милевски, се сретнаа со Делегација од Конгресот на локалните и регионалните власти на Советот на Европа составена од двајцата коизвестители за локална демократија, Андерс Кнапе од Шведска и Матијас Гисин од Швајцарија. На средбата се разговараше …
Continue Reading
По 11 години застој, ќе продолжи изградбата на затворениот базен во Охрид
Владата на денешната редовна седница ја усвои точката со која се овозможува продолжување и конечно завршување на изградбата на затворениот базен во Охрид, капитален спортски проект чија реализација започна уште во 2015 година. Oд владината прес-служба велат дека станува збор за еден од најзначајните спортско-инфраструктурни проекти во Охрид, којшто речиси 11 години останува незавршен. „По преземањето на надлежностите, Министерството за …
Continue Reading