(Видео) Франција за 14 минути ја прегази Белгија, Италија уште еднаш ја совлада Турција

Репрезентацијата на Франција ја победи Белгија во натпреварот од четвртото коло од Групата 1 од елитната А дивизија на Лигата на нации на УЕФА. „Црвените ѓаволи“ поведоа и водеа до 77-та минута, но во пеколен финиш „Гелските петли“ буквално ги прегазија и го забележаа својот втор триумф за само неколку дена. Натпреварот на стадионот „Франција“ во Сен Дени, предградие на …

Continue Reading

(Видео) Медведев: Ужасно се чувствувам, сакам лично да му се извинам на човекот

Данил Медведев се огласи по неговата дисквалификација во полуфиналето во Пекинг против Новак Ѓоковиќ и истакна дека е многу повеќе загрижен за состојбата на гледачот кој беше погоден од топчето отколку за самиот резултат. Инцидентот се случи кога Ѓоковиќ водеше со 7:5, 5:3 и сервираше за пласман во финалето, а резултатот во гемот беше 15-15. По еден волеј од Новак, …

Continue Reading

Валтери Ботас од Малезија до Сингапур патува со велосипед

Трките во Малезија и Сингапур се сметаат за меѓу физички напорните во календарот на Формула 1, но тоа не е проблем за Валтери Ботас. Возач на Кадилак одлучи да патува од Малезија до Сингапур со велосипед, наместо со приватен авион. Неговите следбеници на велосипедската апликација „Страва“ забележаа дека Финецот веќе го започнал своето патување. Според планот што го сподели, Ботас …

Continue Reading

Солзавец пред Собранието во Приштина, демонстрантите не им дозволуваа на пратениците да излезат

Косовската полиција вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои го блокираа Собранието во Приштина и не им дозволуваа на пратениците да ја напуштат зградата. Демонстрантите, меѓу кои има поддржувачи и поранешни припадници на ОВК, бараат што побрзо усвојување на измените на Законот за Специјализираните совети во Хаг. Предложените измени, иницирани од Демократската партија на Косово (ДПК), значително би …

Continue Reading

Топ 10 најплатени тренери во светот: Карло Анчелоти ја предводи листата

Карло Анчелоти, предводникот на Бразил е најплатениот селектор во светот на фудбалот. Како што објавија светските медиуми и специјализираните портали, легендарниот италијански стручњак ја предводи бразилската репрезентација со фантастична плата од 10 милиони евра по сезона, со што Бразилската фудбалска федерација (CBF) покажа дека не штеди средства за да го врати „Селесао“ на старите патеки на успехот. Зад Анчелоти се …

Continue Reading

(Видео) Се урна воен авион со 32 лица во Нигерија

Воен авион со 32 лица денеска се урна во јужниот дел на Нигерија, а засега нема информации за евентуални жртви, пренесе агенцијата АП. По несреќата на авионот, во кој имало 25 патници и седум членови на екипажот, веднаш била започната операција за пребарување и спасување, соопштија властите. 🚨 BREAKING: Nigerian military aircraft NGR 931 crashed near Igbokoda, Ondo State. 32 …

Continue Reading

Иранскиот претседател: Нема смисла да преговараме со САД додека ни се закануваат

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека преговорите со Соединетите Американски Држави немаат смисла, за време на средбата со ерменскиот министер за надворешни работи Арарат Мирзојан во Техеран, објавија иранските државни медиуми. „Нема смисла да се преговара со непријател кој секојдневно тероризира, воведува санкции, врши притисок и се заканува“, изјави Пезешкијан, пренесува „Ројтерс“. Иран во неделата соопшти дека САД одговориле …

Continue Reading

Сем Алтман предупредува: Не ѝ припишувајте религиска моќ на вештачката интелигенција

Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, јавно предупреди дека луѓето не треба да ѝ припишуваат религиска моќ на вештачката интелигенција или целосно да ѝ го препуштаат човечкото расудување, пишува „The Verge“. Иако не е сосема јасно што точно го поттикнало да се огласи на платформата Икс, Алтман предупреди дека ваквиот однос кон моделите на вештачка интелигенција претставува реален безбедносен проблем. …

Continue Reading

(Видео) Австриски јутјубери влегле на воен аеродром во Србија и се качувале по авиони

Двајца австриски јутјубери објавија видео за кое тврдат дека го прикажува нивното неовластено влегување во воениот аеродром „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“ во Батајница, во близина на Белград. На снимката се гледа како се качуваат на воени авиони и слободно се движат низ комплексот. Видеото, објавено на каналот „Руфлес ТВ“, за неколку дена собра повеќе од половина милион прегледи. Авторите наведуваат дека …

Continue Reading