Иранскиот претседател: Нема смисла да преговараме со САД додека ни се закануваат


depositphotos_379945782_s.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека преговорите со Соединетите Американски Држави немаат смисла, за време на средбата со ерменскиот министер за надворешни работи Арарат Мирзојан во Техеран, објавија иранските државни медиуми.


„Нема смисла да се преговара со непријател кој секојдневно тероризира, воведува санкции, врши притисок и се заканува“, изјави Пезешкијан, пренесува „Ројтерс“.

Иран во неделата соопшти дека САД одговориле на седумдневниот план на Техеран и дека американскиот одговор во моментов се разгледува. Иранските власти истовремено порачаа дека се подготвени и за други сценарија доколку напорите за постигнување мир не успеат.

Најновиот ирански седумдневен план го претстави министерот за надворешни работи Абас Арагчи за време на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Целта е да се стави крај на судирите со САД и повторно да се отвори стратешки важниот Хормуски Теснец.

Според предлогот, доколку бидат исполнети условите на Техеран, Ормускиот Теснец би можел повторно да биде отворен и нормалниот поморски сообраќај да биде воспоставен во рок од седум дена.

Меѓу барањата што ги наведува иранската страна се прекин на воените активности и непријателствата, вклучително и во Либан, запирање на поморската блокада на иранските пристаништа, укинување на санкциите за извозот на иранска нафта и одмрзнување на иранските средства во странски банки.

„Ројтерс“ претходно објави дека Иран инсистира на исполнување на седум услови наведени во привремениот договор со САД од јуни, пред повторно целосно да го отвори Хормускиот Теснец.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK