35-годишен маж ѝ го одгризал увото на таксистка во Атина
Брутален напад врз таксистка се случил во атинската населба Неа Јонија, каде што 35-годишен маж ѝ го одгризал увото на 54-годишната жена. Нападот се случил околу еден час по полноќ. Според информациите што ги објавија грчките медиуми, инцидентот настанал откако мажот дознал дека таксистката нема ПОС-терминал за плаќање со картичка. Клиентот ја нападнал жената, при што ѝ го одгризал увото. …
Continue Reading
Русија одговори на заканите на Зеленски: Ќе напаѓаме уште посилно
Русија ќе ги зголеми нападите врз Киев и другите делови од Украина, објави руското Министерство за одбрана како одговор на интервјуто на украинскиот претседател Володимир Зеленски во кое тој најави почести и засилени напади врз руски рафинерии. Министерството им нареди на руските сили да ги интензивираат нападите врз воените објекти, погоните на воената индустрија и поврзаната инфраструктура во Киев и …
Continue Reading
Трамп: Знам повеќе за инфлацијата и за сè од кој било човек во светот
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно привлече внимание со изјава за своето знаење за инфлацијата и економијата, говорејќи на предизборен митинг во Алабама во пресрет на изборите за Конгресот. Зборувајќи за економските проблеми и зголемените трошоци за живот, Трамп пред присутните изјави дека знае повеќе за инфлацијата, но и за сите други теми, од кој било човек во светот. „Знам повеќе …
Continue Reading
Урнат рекордот во женска конкуренција, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји го исполнија Скопје
Скопје денеска повторно живееше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава …
Continue Reading
Зеленски: Украина е подготвена за технички преговори со САД и Русија
Украина е подготвена да учествува во технички трилатерални преговори со САД и Русија, кои би можеле да се одржат до крајот на октомври во Обединетите Арапски Емирати или во друга земја предложена од Вашингтон, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, нагласувајќи дека сега е редот на Русија да одговори на предлогот. Зеленски, пренесува Укринформ, ова го изјави за време на …
Continue Reading
Михаилов: Не купувајте дрва од дрвокрадци, го поддржувате криминалот
Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, упати апел до граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадци по пониски цени, бидејќи на тој начин, како што посочува, директно го поддржуваат нелегалното уништување на шумите. Михаилов вели дека зад нелегалната сеча често стојат организирани групи, кои во одредени случаи ги напаѓаат и вработените во „Национални шуми“ и припадниците на шумската полиција. …
Continue Reading
Татко и син убиени во лов во Норвешка
Татко и син утрово се застрелани, а трето лице се здоби со тешки повреди опасни по живот во шумска област во близина на норвешкиот град Халден, објави новинската агенција НТВ. Жртвите, пренесува ДПА, се маж на возраст од седумдесетина години и неговиот син на возраст од четириесеттите години, а двајцата наводно биле дел од група ловци. Полицијата на самото место …
Continue Reading
Околу 1.000 жени годишно заболуваат од рак на дојка, Клековски најави нов скрининг
Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во Македонија, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале од оваа болест, информираше министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. На настанот, кој го поддржа и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, беа упатени пораки за важноста на превенцијата, …
Continue Reading
Ѓоковиќ го победи Зверев и го урна рекордот на Надал
Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на турнирот во Пекинг, откако направи пресврт против првиот носител, Германецот Александар Зверев со 2:1 (6:4, 4:6, 4:6). Мечот во четвртфиналето на турнирот во Пекинг потсети на најдобрите денови на српскиот тенисер, кој се врати во мечот откако го загуби првиот сет. Во вториот и третиот прикажа констатнтна и сигурна игра. Ѓоковиќ остана непобедлив …
Continue Reading