Утре Скопје со изменет сообраќаен режим: Дел од улиците затворени поради маратонот
Дел од улиците и булеварите во Скопје утре од 6:00 до 14:00 часот ќе бидат затворени за сообраќај, а возилата ќе се пренасочуваат по алтернативни сообраќајници поради одржувањето на 22. Виз Ер Скопски маратон. Како што соопштува организаторот, сообраќајот по улиците и булеварите опфатени со трасата на маратонот ќе биде пренасочуван по алтернативни сообраќајници. Затворен за сообраќај ќе биде потегот …
Continue Reading
Студентите бараат 200 денари за оброк, Јаневска вели дека максимумот е 147 денари
Платформата „Студентарија“ очекува Министерството за образование да ги прифати барањата на студентите за зголемување на надоместокот за студентски оброк, субвенционирање на меѓуградскиот превоз и подобрување на условите во студентските домови. Студентските организации бараат субвенцијата за студентскиот оброк да се зголеми од сегашните 140 на 200 денари, како и да се обезбеди попуст на билетите за меѓуградски превоз. Од „Студентарија“ посочуваат …
Continue Reading
Двајца браќа пријавени за насилство врз сопругата и членови на семејството во Штип
СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.Н. (30) и С.Н. (32), двајцата од Штип, поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Според пријавата, на 28 јули 2026 година, во семејна куќа во Штип, првопријавениот, заедно со својот брат, физички ги нападнале неговата сопруга и блиски членови на семејството, при што им упатувале и закани. За случајот е поднесена кривична пријава …
Continue Reading
Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска истакна дека Владата во изминатите 27 месеци обезбедила околу половина милијарда евра за проекти во општините, преку директно финансирање од централниот буџет. Мицкоски, кој изврши увид во еден од клучните проекти за Скопје, рече дека станува збор за сериозна поддршка за општините и локалната самоуправа. „Од почетокот кога беше оваа Влада избрана, таму некаде …
Continue Reading
Кузеска: Фон дер Лајен потврди дека македонскиот идентитет е признаен во ЕУ
Вчерашната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и нејзините пораки по средбата со премиерот Христијан Мицкоски, според СДСМ, потврдиле дел од ставовите на опозициската партија и нејзиниот претседател Венко Филипче. „Македонскиот јазик, култура и идентитет се заштитени со Преспанскиот договор, не се загрозени, туку се добредојдени во ЕУ. Сите лаги на Мицкоски се на виделина“, изјави …
Continue Reading
Петрушевски: Филипче да објасни зошто молчел за сомнежите за договорот за хеликоптери
Венко Филипче деновиве почна да зборува за сомнежи за криминал во редовите на СДСМ, конкретно во пратеничката група, а зошто го прави тоа и од што е охрабрен, можеме само да се сомневаме, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. Реакцијата на Петрушевски следува откако Филипче во јавноста изнесе сомнежи поврзани со пратеничката Славјанка Петровска, поранешна министерка за одбрана, која …
Continue Reading
Мисајловски: Секоја генерација треба да знае за хероите кои го дадоа животот за Македонија
„Да пренесеме порака до младите дека овие луѓе треба да се слават и секоја генерација треба да знае за хероите што го дале животот за Македонија. Тоа се хероите на државата“, истакна денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски на отворањето на Централниот меморијален турнир во мал фудбал, посветен на загинатите бранители од 2001 до 2015 година. Пред членовите на семејствата …
Continue Reading
Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата, од почетокот на својот мандат, обезбедила околу половина милијарда евра за проекти на локалната самоуправа и општините, оценувајќи дека станува збор за сериозна поддршка и политика на Владата од самиот почеток. Мицкоски, кој денеска изврши увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“, посочи дека Владата, општините и локалната самоуправа ги поддржува …
Continue Reading
Левица со предлог: Професионалните војници над 45 години да продолжат со работа во нова државна служба
Левица предлага формирање посебна државна служба во рамките на Министерството за одбрана која би била задолжена за физичко обезбедување на критичната цивилна инфраструктура, а во неа би можеле да бидат ангажирани и професионалните војници кои по навршувањето 45 години не можат да продолжат како професионални војници во Армијата. Предлог-законот за критична инфраструктура на седница на Законодавно-правната комисија го образложи пратеникот …
Continue Reading