Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Македонија заслужува да биде меѓу најнапредните кандидати за ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лaјен, која е во посета на земјава. Најпрво, Гордана Сиљановска-Давкова изрази благодарност за растечкиот интерес и посветеност на Европската унија на регионот, потенцирајќи го индивидуалниот придонес на Урсула фон дер Лајен во забрзувањето на регионалните евроинтеграциски процеси. Според претседателката, иако нашата држава не е формално меѓу …

Continue Reading

Бела ноќ повторно во Скопје

Во сабота /3 октомври/, од 19:00 до 03:00 часот, плоштадите, мостовите, галериите, музеите и чаршијата ќе бидат места за нови доживувања и средби што се паметат. „Има ноќи во кои градот се доживува поинаку. Ноќи во кои улиците стануваат сцена, уметноста ни доаѓа во пресрет, а музиката нè спојува. Скопје повторно ќе живее една таква ноќ, нашата Бела ноќ! Ве …

Continue Reading

Пари од неочекуван извор: три хороскопски знаци ги чека подобар финансиски период

Астролошките прогнози најавуваат поповолен финансиски период за Раковите, Стрелците и Вагите, кои би можеле да добијат неочекуван прилив на пари или нова деловна можност. Рак Раковите би можеле да добијат пари од извор на кој речиси заборавиле – вратен долг, продажба на имот или нешто што долго се обидувале да го продадат. Тоа би можело значително да им го олесни …

Continue Reading

Мексико сака претседателот да има само мексиканско државјанство

Мексико е пред усвојување уставна реформа со која на кандидатите за претседател ќе им биде забрането да имаат двојно државјанство. Мерката би важела и за гувернерите на сојузните држави и за градоначалникот на Мексико Сити. Претседателката Клаудија Шејнбаум го брани предлогот како мерка за заштита на националниот суверенитет и од странско влијание. „Претседателите на Мексико можат да имаат само едно …

Continue Reading

Тајм: Трамп го прашал „Грок“ како Венецуелците би реагирале ако САД го уапсат Мадуро

Американскиот претседател Доналд Трамп го прашал „Грок“, четботот во сопственост на Илон Маск, како жителите на Венецуела би реагирале доколку САД го уапсат тогашниот претседател Николас Мадуро. Тоа се случило неколку недели пред Трамп да нареди операција за негово приведување, објави магазинот „Тајм“. Вештачката интелигенција наводно му одговорила на Трамп дека многу Венецуелци веројатно би го прославиле падот на Мадуро. …

Continue Reading

Трамп: Европа ќе ослободи големи количества дизел од резервите

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека европските земји се согласиле веднаш да ослободат значителни количества дизел од своите резерви, во услови на високите цени на горивата. „Европа штотуку се согласи да ослободи огромно количество од своите големи резерви на дизел. Процесот започнува веднаш“, напиша Трамп на социјалните мрежи. По состанокот на лидерите на Г7 беше потврден договор за координирано ослободување …

Continue Reading

Утре сончево време со температура до 27 степени

Времето утре ќе биде ссончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до …

Continue Reading

Европските служби предупредуваат: Русија може да ги засили саботажите низ Европа

Европските безбедносни служби проценуваат дека Русија во наредните месеци ќе ги засили саботажите и хибридните напади низ Европа, објавија германски „Велт“ и британски „Телеграф“, повикувајќи се на доверливи разговори со безбедносни извори. Висок претставник на НАТО изјавил дека Алијансата очекува поагресивна комуникација од Москва и проширување на хибридните напади. Германските власти, според извештајот, како еден од главните организатори на ваквите …

Continue Reading

Изгаснат пожарот во Бутел

Пожарот што избувнал на улица „Цетинска“ во скопската општина Бутел е локализиран и изгаснат, информира градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски. Toj рече дека пожарот бил ставен под контрола благодарение на брзата интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје. „Благодарност до пожарникарите за нивната професионалност“, напиша Костовски. Пожар во Бутел. Фото: Дарко Костовски – официјален профил на Фејсбук

Continue Reading