(Видео) Киднапирале и мачеле луѓе во вила: уапсени седум Срби во Шпанија
Шпанската полиција уапсила седум српски државјани во Естепона, под сомнение дека киднапирале и мачеле луѓе во вила. Полицајците во објектот пронашле двајца голи и крвави мажи, врзани во просторија опремена за мачење. Според шпанските медиуми, просторијата била целосно прекриена со пластика, а во неа имало столче и чекан, за кој се сомнева дека бил користен за тепање. Пронајдени биле и …
Continue Reading
Иран: Имаме ново оружје и „изненадувања“ за секој потенцијален противник
Иран располага со нови воени технологии и е подготвен на евентуална агресија да одговори со понапредно оружје, изјави портпаролот на иранските вооружени сили, генерал Аболфазл Шекарчи, пренесе иранската агенција Тасним. Шекарчи рече дека иранската армија има „изненадувања“ за потенцијалниот противник и дека нејзините капацитети денес се значително поголеми отколку на почетокот на Иранско-ирачката војна. „Со новите воени технологии ќе одговориме …
Continue Reading
Вучиќ тврди дека „некои однадвор, а некои одвнатре ќе се обидат да предизвикаат немири во изборната ноќ“
Претседателот на Србија и носител на листата „Обединета Србија“, Александар Вучиќ, најави дека доколку неговата листа победи на предвремените парламентарни избори на 25 октомври, би формирал влада со 12 министерства, наместо сегашните 31. Вучиќ рече дека од утре официјално почнува предизборната кампања и најави дека, доколку победи и стане премиер, би разгледал и дел од предлозите на опозициските кандидати за …
Continue Reading
(Видео) Утре ќе запре јавниот превоз и собирањето отпад во Загреб – „Синдикатите сакаат штрајк по секоја цена“, вели градоначалникот Томашевиќ
Од утре во Загреб ќе има прекин на јавниот превоз и собирањето отпад, откако пропаднаа последните преговори меѓу синдикатите и градските власти. Штрајкот е најавен за 28 септември во 3:30 часот, а колку ќе трае засега не се знае. Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, изјави дека на последниот состанок не бил постигнат договор и ги обвини синдикатите дека ги прошириле …
Continue Reading
„Филипче со малата група се фракција во СДСМ, тој е претседател на фиктивни картички за гласање“, велат Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“
Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ реагираа на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, отфрлајќи ги неговите обвинувања за вчерашната сесија. „Имаме разбирање за причините за растечката нервоза, но вакви манипулации нема да одмолчиме“, велат организаторите, додавајќи дека сакаат да го заштитат интегритетот на учесниците кои не се политичари. Тие тврдат дека Филипче и неговата група се …
Continue Reading
(Видео) Филипче: Тотална шизофренија – мала група пучисти со сите сателити на Мицкоски на една маса
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека група поранешни партиски функционери, заедно со претставници на други политички партии, работат на ослабување на СДСМ, како што тврди, по налог на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. „Сите сателити на Христијан Мицкоски седнати на едно место. Тотална шизофренија“, рече Филипче. Тој посочи дека поранешни функционери на СДСМ се …
Continue Reading
„OpenAI“ привремено го паузираше тренирањето на новите модели по инциденти со автономни агенти
OpenAI привремено го прекина тренирањето на своите најнови модели на вештачка интелигенција, по извештаи за повеќе случаи во кои нејзини агенти дејствувале надвор од зададените инструкции. Одлуката уследи откако компанијата објави дека истражува неколку инциденти во текот на летото, во кои агенти со вештачка интелигенција пребарувале веб-страници на американската федерална влада и преземале активности што ги надминувале нивните задачи при …
Continue Reading
Најмалку 19 загинати во поплави и одрони во Индија и Непал
Најмалку 19 лица загинаа, а 10 се водат како исчезнати по обилните дождови и невремето што предизвикаа поплави и свлечишта во делови од Индија и соседен Непал, соопштија индиските власти. Најтешко е погодена индиската сојузна држава Утар Прадеш, каде во последните 48 часа загинаа 15 лица, а петмина се повредени. Оштетени се 117 куќи, а силните дождови и невремето зафатија …
Continue Reading
Во Тенеси е закажана егзекуција на жена, прва по повеќе од 200 години
Криста Пајк (50) треба да биде погубена на 30 септември во Тенеси со смртоносна инјекција, што би била првата егзекуција на жена во оваа американска сојузна држава по повеќе од 200 години. Извршувањето на казната може да биде одложено или прекинато доколку гувернерот на Тенеси, Бил Ли, донесе таква одлука. Адвокатите на Пајк поднеле барање за запирање на егзекуцијата, а …
Continue Reading