Гаши: Европската интеграција треба да донесе подобар животен стандард за граѓаните

Европската интеграција не е само процес на усогласување закони, исполнување критериуми и отворање и затворање поглавја. Таа, пред сè, е процес кој треба да овозможи темелна промена на системот, во функција на поквалитетен животен стандард за сите нас – порача претседателот на Собранието, Африм Гаши, на Граѓанскиот форум „Северна Македонија и иднината на Европа: Граѓаните во срцето на проширувањето на …

Continue Reading

(Видео) Хаос во Будимпешта

Украина однесе три важни бода од Будимпешта, но крајот на натпреварот против Унгарија беше засенет од голем инцидент на теренот. Сè се случи во судиското надополнување на времето, кога Александар Назаренко доби втор жолт картон за груб прекршок и мораше порано да оди во соблекувалната. Неговото исклучување беше причина за неколкуминутна целосна нервоза меѓу фудбалерите на двете репрезентации. Најпрвин имаше …

Continue Reading

Нов договор и неверојатен рекорд за Стеф Кари

Стеф Кари не оди никаде. Тој го продолжи договорот со Голден Стејт, единствената франшиза за која играл досега во неговата долга НБА кариера. Новиот договор што го потпиша најдобриот шутер во историјата на НБА, трае две години, а за сезоната 2028/29 постои клаузула каде што играчот ќе избере дали сака да продолжи. Договорот е вреден 116 милиони долари, што значи …

Continue Reading

Во Општина Кисела Вода се одржа втората едукативна трибина за женското здравје

Во Големата сала на Општина Кисела Вода, вчера се одржа втората едукативна трибина за женското здравје. Овој настан е дел од низата активности на Општина Кисела Вода заедно со Здружението „ХЕМА-ОНКО“ во рамките на овогодишната кампања „Розев Октомври“. Настанот беше посветен на превенцијата, раното откривање и лекувањето на цервикалниот канцер. Целта на оваа средба беше преку стручни совети и реални …

Continue Reading

Герасимовски: Отстранета нелегалната конструкција на „Даме Груев“ , јавниот простор вратен на граѓаните

Општина Центар ја отстрани металната конструкција на улица „Даме Груев“. Со нејзиното демонтирање, пешачката патека повторно е слободна за движење. „Го расчистивме просторот и го вративме на пешаците, на кои им припаѓа. Јавните површини мора да бидат слободни и достапни за сите“, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Конструкцијата, која претходно се користеше како тераса, ја зафаќаше пешачката зона …

Continue Reading

Андоновски: Уште едно исполнето ветување, нов Центар за услуги за граѓаните на Кочани

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска е во работна посета на Општина Кочани, каде што заедно со градоначалникот Влатко Грозданов го промовираше новиот Центар за услуги – ЕТУ Кочани. Со отворањето на центарот, жителите на Кочани и околината добиваат можност на едно место да пристапат до електронските услуги и да добијат поддршка при нивното користење. Во изјавата за медиумите, …

Continue Reading

Србија ja продолжи забраната за извоз на горива и намалувањето на акцизите

Србија ја продолжи привремената забрана за извоз на нафта и нафтени деривати до 31 октомври. Одлуката ја донесе Владата во технички мандат на 24 септември, а е објавена во „Службен гласник“. Забраната првпат беше воведена во март, со цел да се заштити домашниот пазар од евентуален недостиг на гориво и раст на цените, поради нарушувањата на светскиот пазар на нафта. …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Во Чешиново Облешево се работи на локална инфраструктура, чистење на диви депонии и подобри услови за млади

Во општина Чешиново Облешево изминатава година се работи на подобрување на условите за живот на граѓаните и создавање подобри можности за семејствата, младите и најмладите, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Во делот на поддршката за семејствата, секое прваче доби финансиска поддршка од 3.000 денари, додека за секое првородено дете семејствата добија парична помош од 6.000 денари. Исто така, младите брачни парови се …

Continue Reading

Кривична пријава против двајца радовишани: произведувале и продавале мраз со ешерихија коли и колиформни бактерии

Мраз произведуван во нехигиенски услови и со бактерии од фекално потекло со години бил продаван во Радовиш. Полицијата поднесе кривична пријава против двајца 62-годишни радовишани поради постоење на основано сомневање дека извршиле продолжено кривично дело „производство и пуштање во промет штетни прехранбени и други продукти“ по член 213 од Кривичниот законик. „Пријавените повеќе години наназад, како нерегистрирани производители на мраз, …

Continue Reading