(Видео) Џорџ Расел ја растури конкуренцијата во борбата за пол-позицијата, Антонели си ги уништи квалификациите
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, буквално ја декласира конкуренцијата и ја освои пол-позицијата, пред утрешната трка за Големата награда на Азербејџан. Лидерот во вкупниот пласман, колегата на Расел, Андреа Кими Антонели, ќе започне од 16-то место, тој во првиот дел ги заврши квалификациите, откако удри во ѕидот во првата кривина и го оштети болидот. 🚨 KIMI ANTONELLI IS OUT IN …
Continue Reading
Клековски: Специјалната болница „Св. Еразмо“-Охрид со ново крило и четири современи операциони сали, инвестиција над два милиона евра
Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска ја посети Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид по повод отпочнување на активности за реконструкција и изградба на новото крило, кои беа стопирани од 2017 година. Новото крило предвидено е да се стави во употреба до крајот на годинава, со што болницата ќе добие четири современи операциони сали. -По повеќе …
Continue Reading
Јаниќијевиќ: Приказната за филмот „Нема да ви се верува што се случи претходно“ почна во Битола и со премиерата на ИФФК „Браќа Манаки“ се заокружува
-Многу ми е драго што македонската премиера на филмот се случува токму овде во Битола, на фестивалот „Браќа Манаки“ бидејќи кога дознав дека сме добиле сретства за снимање од Агенцијата за филм јас бев во Битола. И сега имаме премиера во Битола. Драго ми е дека првата информација ја добив во овој град, кој мене ми е многу драг и …
Continue Reading
Авион на „Рајанер“ слетал со гориво за помалку од три минути лет
Авион на „Рајанер“ на лет од Пиза за Прествик слетал со гориво доволно за помалку од три минути лет, откако поради силното невреме неколкупати морал да се откаже од слетување. Инцидентот се случил на 3 октомври минатата година, а деталите сега се објавени во извештај на британскиот Оддел за истражување на воздухопловни несреќи (AAIB). Во авионот „Боинг“ имало 171 патник …
Continue Reading
Серафимовски: Со новиот закон за уредување на пазарите земјоделците ќе добијат поголема сигурност при пласманот
Воспоставуваме систем со кој одговорноста појасно ќе се распределува меѓу производителите, откупувачите и преработувачите, а земјоделците ќе добијат поголема сигурност при пласманот на производите, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на денешната јавна расправа за новиот Предлог на закон за уредување на пазарите со земјоделски производи, што се одржа во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. „Земјоделството …
Continue Reading
Промена во програмата на „Гола месечина“ поради најавите за дожд
Поради најавите за дожд, програмата на фестивалот „Гола месечина“ предвидена за вечерва се одложува и ќе се реализира во понеделник. Фестивалот продолжува според планираното во сабота и недела, додека програмата предвидена за вечерва ќе биде реализирана во понеделник. „Ве очекуваме во паркот „Авионче“ на фестивалски денови исполнети со музика, забава и добра атмосфера“, велат од општина Аеродром.
Continue Reading
Премиера на новиот партиципативен филм „Земјиште“, вечерва во КСП Јадро во Скопје
Атриум ја најавува скопската проекција на партиципативниот експериментален филм „Земјиште“, создаден како резултат на повеќемесечен истражувачки процес со интергенерациски колектив од Битола и поширокиот пелагониски регион, во рамки на проектите „Предочени различности“ и „Интергенерациски визуелни траектории“. По премиерните проекции во Битола и Прилеп и гостувањето на фестивалот ВИА во Вртешка, „Земјиште“ ќе биде прикажан и пред скопската публика во КСП …
Continue Reading
Макрон: Има знаци дека Русија подготвува мобилизација на 300.000 луѓе
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека постојат неколку знаци дека Русија се подготвува за нова мобилизација на околу 300.000 луѓе, по недамнешните избори во земјата. Тој рече дека такви информации споделиле европски и американски разузнавачки служби, како и Украина. Според Макрон, сценариото за мобилизација на околу 300.000 луѓе е уверливо, а прашањето е дали Москва официјално ќе ја објави или …
Continue Reading
35-годишен маж починал на Клиника: бил донесен во бессознание
Во полициската станица Гази Баба вчера во 16:54 часот, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен Ф.Р.(35) од Скопје, кој набргу починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јaвен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Continue Reading