(Фото/Видео) Првпат во историјата, мајка и мажена жена ја освои титулата Мис САД
Џастус Кели, претставничка на Вирџинија, ја освои титулата Мис САД. Таа ја освои круната синоќа во Мајами на 75-тото издание на натпреварот, станувајќи првата мајка и првата мажена жена во историјата на изборот за убавина што ја освоила оваа титула. Претходната Мис САД, Одри Екерт, ѝ ја предаде круната на церемонија одржана во центарот „Адриен Аршт“, пишува People. View this …
Continue Reading
(Видо) Објавени драматични снимки од спасување во Непал
Непалската армија објави снимки од драматичното спасување на двајца мажи од тунел за хидроелектрана во округот Расува, една од најтешко погодените области по катастрофалните поплави. Снимките покажуваат како војниците извлекуваат двајца мажи покриени со кал од тунелот, а потоа ги носат по стрмна падина по лизгав терен исполнет со наноси. Еден од спасените мажи бил носен на грб од војниците. …
Continue Reading
Во Италија 432 случаи на западнонилска треска, 17 лица починаа
Здравствените власти во Италија вчера објавија дека од почетокот на годината се потврдени 432 случаи на инфекција со вирусот Западен Нил и 17 смртни случаи. Станува збор за болест која се шири и се пренесува преку комарци. Националниот институт за здравство објави дека стапката на смртност кај невроинвазивните форми на болеста е 7,2 проценти оваа година. Ова е значително намалување …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова: Во време обременето со искушенија, верувам дека ликот на Мајката Божја нѐ инспирира и храбри сите нас да истраеме на патот на доброто
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прва, г.г. Стефан и до сите православни христијански верници. „Почитуван г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, Дозволете ми Вам, Ваше Блаженство, на членовите на Светиот архијерејски синод, …
Continue Reading
Почина норвешкиот крал
Норвешкиот крал Харалд V почина на 89-годишна возраст. Минатата недела беше примен во болница на лекување од ретка крвна болест, објави Би-Би-Си. Кралската палата во Осло објави дека кралот починал мирно во петок во 6:35 часот наутро во Националната болница. На престолот ќе го наследи неговиот син Хакон. Во своето 35-годишно владеење, тој ќе биде запаметен како популарен реформатор кој …
Continue Reading
(Видео) Волшебна ноќ во Цирих: Паднаа два светски рекорди
Бразилецот Алисон дос Сантос и Американката Масаји Расел се нови светски рекордери, откако ги урнаа планетарните рекорди на трките на 400 и 100 метри со пречки, на стадионот „Лецигрунд“ во Цирих, каде што се одржа последниот митинг од Дијамантската лига пред финалето во Брисел. На 400 метри со пречки, Алисон дос Сантос го направи она што одамна го најавуваше и …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче секоја нова можност за Македонија е повод за ширење паника во јавноста
Филипче и СДС изгледа имаат проблем со се што може Македонија да ја направи помодерна, посилна и поконкурентна држава. Немаат аргументи, па за секој нов проект следува истото сценарио на создавање хаос, ширење страв и паника и обиди јавноста да се убеди дека секоја промена е закана, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче повторно излезе јавно со категорични ставови за евентуалната изградба …
Continue Reading
Мерката за поевтин школски прибор ќе трае до 30 септември
По третпат по ред, пред почетокот на учебната година Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ воведува мерка за поевтин школски прибор до 10% пониски цени во големопродажба и 15% во малопродажба, соопштија од партијата. „Целта е родителите да имаат помали трошоци во периодот кога семејните буџети се дополнително оптоварени со подготовки за училиште. Мерката опфаќа производи што секое семејство ги набавува за почетокот …
Continue Reading
Емилијано Мартинез се сели во Челзи
Челзи го договори трансферот на голманот Емилијано Мартинез од Астон Вила. Како што објавија англиските медиуми, клубот од „Стенфорд Бриџ“ за аргентинскиот голман ќе плати девет милиони евра. Аргентинскиот репрезентативец наскоро треба да помине лекарски прегледи во Лондон, по што ќе потпише договор со „Сините“. Доаѓањето на 33-годишниот голман следеше по новите критики кон Роберто Санчез. Шпанецот направи неколку големи …
Continue Reading