Телефонски ѝ понудиле каско осигурување, уплатила 200.000 денари, па сфатила дека е измамена
Триесет и петгодишна скопјанка пријавила дека била измамена за околу 200.000 денари откако поверувала во понуда за каско-осигурување. Според МВР, жената на 13 август во СВР Скопје пријавила дека во текот на јули телефонски била контактирана од женско лице, кое ѝ понудило каско-осигурување за нејзиното патничко возило, со ветување дека за возврат ќе добие поголема сума, односно премија. Откако во …
Continue Reading
Турнал 79-годишна скопјанка на земја и ѝ го украл накитот
Седумдесет и деветгодишна скопјанка пријавила дека била нападната и ограбена пред продажно место во скопската населба Карпош. Според МВР, жената на 14 август во 20:20 часот пријавила дека претходниот ден околу 17:50 часот, едно лице со употреба на физичка сила ја турнало на земја и ѝ одзело личен накит. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
22 километри што треба да ја поврзат Македонија со Европа: Почеток на нова фаза за Коридорот 8
По повеќе од три децении најави и застои, железничкото поврзување на Македонија со Бугарија влегува во фаза во која проектот добива и конкретна финансиска конструкција и јасен план за реализација. Третата делница од Коридорот 8, од Крива Паланка до бугарската граница, е еден од најзначајните инфраструктурни проекти што треба да ја промени позицијата на земјата во регионалниот транспорт. Делницата е …
Continue Reading
Татко пријавил дека ќерка му била нападната со пластично шише, па родителите на малолетниците го пријавиле него
Случај со малолетници во Кисела Вода прераснал во физички пресметки меѓу нивните родители, по што полицијата го расчистила настанот. Според МВР, 35-годишен скопјанец на 14 август пријавил дека претходната вечер околу 21:30 часот, на игралиште во Кисела Вода, неговата малолетна ќерка била физички нападната со пластично шише од двајца малолетници. Откако родителите пристигнале на местото, малолетниците се разбегале во двор …
Continue Reading
Шест пожари и натаму активни во Македонија, огнот се шири и кон Бојане
Шест пожари на отворен простор и натаму се активни во земјава, според најновите податоци на Центарот за управување со кризи (ЦУК) до 13 часот на 15 август. Во текот на денот биле регистрирани вкупно 11 пожари. Покрај шесте активни, три се ставени под контрола, а еден пожар е целосно изгаснат. Активни се пожарите во општина Студеничани, во реонот на селата …
Continue Reading
Ја тепал ќерката и се заканувал дека ќе ги запали неа и сопругата, се бара притвор
Педесетгодишен жител на Тетово е осомничен за семејно насилство, сериозни закани кон сопругата и ќерката, како и за прекршување на претходно изречени мерки за заштита од семејно насилство, соопшти Основното јавно обвинителство Тетово. Според обвинителството, на 14 август осомничениот сериозно им се заканувал на сопругата и ќерката дека ќе ги нападне и ќе им го загрози животот. Случајот започнал откако …
Continue Reading
Мицкоски за лажната вест за водата во Скопје: Се надевам дека со измените во кривичниот законик ќе има казни за лицата кои создаваа хистерија
Повеќе од десет лица се повикани на разговор во Министерството за внатрешни работи по ширењето на лажната информација дека водата во Скопје е загадена со ешерихија коли, изјави премиерот Христијан Мицкоски. На отворањето на новата спортска сала во ООУ „Круме Кепески“ во скопската Општина Кисела Вода, Мицкоски оцени дека ширењето вакви пораки преку социјалните мрежи претставува обид за создавање немир, …
Continue Reading
Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење
Сите испитани примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје се во согласност со правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Во текот на 14 август, Секторот за санитарна контрола зел 42 примероци од водоводната мрежа, од кои четири биле од бунарскиот потег Нерези–Лепенец. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека мониторингот …
Continue Reading
Постигнат е договор и откупот на пиперката тече според очекувањата, тврди Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ситуацијата со производителите на пиперка е санирана и дека откупот веќе неколку дена се одвива според очекувањата. Одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на нова спортска сала во Општина Кисела Вода дали е надминат проблемот со производителите на пиперка, Мицкоски рече дека според информациите што ги добил од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, биле …
Continue Reading