По повеќе од 33 часа работа на терен на пожарникарите од ТППЕ Битола, изгаснати пожарите во повеќе села во општините Могила, Новаци и Битола.
Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола, со целокупниот расположлив капацитет, повеќе од 33 часа интервенираше на пожарите што на 12 август 2026 година, околу 15:30 часот, избувнаа прво во селото Маково, потоа нови пожари се појавија и во селата: Граешница, Кукуречани, м.в Ергела, Гнеотино, а најтешка беше борбата со огнот во селата Ивањевци, Новоселани и Лознани. Интервенцијата на противпожарните екипи траеше …
Continue Reading
Голема акција за чистење на атмосферската и фекалната канализација во Бутел
Општина Бутел спроведува голема акција за чистење и одржување на атмосферската и фекалната канализациона мрежа на својата територија. Градоначалникот Дарко Костовски и директорот на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“, Иван Митровски, извршија увид во заедничките активности на општината и претпријатието за чистење и одржување на канализационата мрежа. Од Општина Бутел информираат дека редовното и темелно чистење ќе продолжи во …
Continue Reading
(Видео) СДСМ: Граѓаните на Гостивар чекаат Мицкоски и Клековски да се вратат од „екскурзија“
Граѓаните на Гостивар пет недели немаат безбедна вода за пиење, а според СДСМ, власта предводена од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу покажала целосна неспособност во справувањето со состојбата. На прес-конференција, Маја Борозан обвини дека околу 5.000 граѓани завршиле во болница со здравствени проблеми, а има и нови случаи и реинфекции. „Среде лето, на пеколни температури, жителите …
Continue Reading
(Видео) Петрушевски: Ширењето паника за водата е крајно сериозно, институциите го расчистуваат случајот
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Венко Филипче е заедно на Егејот со својот другар Зоран Заев, но влијае на оние кои ги остави тука, односно им дава насоки за ширење на дезинформации. Овој пат дезинформациите и лагите се од огромни размери, односно создадоа паника кај граѓаните на Скопје. Со последната лага дека водата во Скопје е небезбедна, Филипче и актуелното раководство …
Continue Reading
Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments за групни нарачки
Корисниците сега можат директно во апликацијата да платат за своите артикли кога заедно нарачуваат од ресторани со пријателите, семејството или колегите. Wolt ја воведува функцијата Split Payments (Поделено плаќање) за групни нарачки, со што се олеснува заедничкото нарачување од ресторани без едно лице да мора однапред да плати за сè. Функцијата е достапна и на македонскиот пазар, во сите градови …
Continue Reading
Николоски: Со инсталација на новиот систем, македонското небо добива највисоко ниво во контрола на безбедност
Поставувањето на новиот АТМ систем во М-НАВ е од исклучително значење за повисоко ниво на безбедност, сигурност и ефикасност во управувањето со воздушниот сообраќај, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при посетата на М-НАВ и контролната кула Скопје. Тој додаде дека значењето е уште поголемо ако се земат бројките дека има преку 12 % зголемување …
Continue Reading
Ѓоковиќ откри одлични вести за состојбата на своето тело пред Мастерсот во Синсинати
Новак Ѓоковиќ откри одлични вести за состојбата на своето тело пред Мастерсот во Синсинати, велејќи дека во последните две години не се чувствувал подобро по Гренд слем. Ѓоковиќ се врати во Синсинати за прв пат од 2023 година, кога одигра едно од најспектакуларните финалиња во својата кариера токму на овој турнир кога го победи Карлос Алкарас. Српскиот тенисер потоа загуби …
Continue Reading
(Видео) СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски за објавување службена тајна
СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски, соопшти Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ. „Поминаа 9 дена од нападот на младите активисти во Ново Село а досега никој не е повикан на распит, нема истрага, нема ништо. Власта ги штити насилниците, молчи Јавното обвинителство, молчи МВР. Прво ги нападнаа физички младите активисти после и јавно, со лаги и конструкции. Мислеа дека …
Continue Reading
Влен: Артан Груби е „црната кутија“ и од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски
Обвнинението за Артан Груби ги зовре страстите во ДУИ. Стравот од неговата меморија си го прави своето. Ахмети најавува повлекување од активната политика. Демек, тој сакал да се повлече, ама сопартијците не му давале. „Приказни за мали деца“, вели народот, велат од Влен. „Одамна тврдиме дека Артан Груби е „црната кутија“ и дека од неговото присуство или отсуство зависат многу …
Continue Reading