Влен: Артан Груби е „црната кутија“ и од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски


Груби-Правото-на-образование-на-мајчин-јазик-е-уставно-право.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Обвнинението за Артан Груби ги зовре страстите во ДУИ. Стравот од неговата меморија си го прави своето. Ахмети најавува повлекување од активната политика. Демек, тој сакал да се повлече, ама сопартијците не му давале. „Приказни за мали деца“, вели народот, велат од Влен.


„Одамна тврдиме дека Артан Груби е „црната кутија“ и дека од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски. Не случајно Бујар Османи, кој чека во низок старт, пласира прашања и теми со кои директно или индиректно го адресира Груби. Улогата на Ислам Абази е многу важна за идните разврски во ДУИ, каде што очајно се обидуваат да создадат впечаток во јавноста дека ја контролираат ситуацијата, иако таа одамна им е надвор од контрола. Односно, од тоа што прозборел Артан ќе зависи кој ќе оди курбан. За Ахмети допрва доаѓаат тешки времиња. Угоре високо, удолу длабоко“, велат од Влен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK