Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија
На Инфективната клиника во Скопје почина 72-годишен скопјанец кај кого лабораториски била потврдена инфекција со вирусот West Nile. Како што информираше денеска директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана, пациентот уште при прием бил во тешка општа состојба, со изразена невролошка симптоматологија. Директорот додаде дека во моментов на Клиниката се хоспитализирани вкупно 24 пациенти, од кои кај 19 е лабораториски потврдена …
Continue Reading
Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата
Фондот за здравствено осигурување презема конкретни чекори со кои на пациентите со трансплантирани органи ќе им се овозможи лекот Myfortic (mycophenolic acid), во јачини од 180 mg и 360 mg, како оригинаторен лек повторно да биде достапен без доплата, а истовремено ќе се задржат придобивките од претходно постигнатото намалување на цената на оваа терапија. Како што информираат од Фондот, станува …
Continue Reading
Утре без струја дел од општината Илинден
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека за утре се планирани исклучувања на елекетричната енергија поради технички интервенции. Во периодот од 06.00 до 13.00 часот, корисниците од село Мралино, Бензинска пумпа Дади компани во Мралино и делови од населба Дрма во општината Илинден ќе бидат без струја.
Continue Reading
Три големи културни настани викендов во Битола
Претстојниот викенд, Битола на своите сограѓани и сите посетители кои ќе одлучат да го посетат градот под Пелистер им дава можност да уживаат во уникатна културно – уметничка програма, карактеристична за градот кој го има фестивалот Бит фест. Вечерва, Симон Трпчески, светски познатиот македонски класичен пијанист, ќе настапи на Антички Театар Хераклеа во Битола. Трпчески е еден од најголемите културни …
Continue Reading
СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?
Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар. Несериозно и неодговорно е, по сè што се случуваше во Гостивар, од граѓаните повторно да се бара да веруваат само на изјави, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија откако претходно денес беше соопштено дека водата е безбедна за пиење. „Власта постојано даваше различни информации а …
Continue Reading
Во Франција блокирана забраната за социјални мрежи за деца под 15 години
Францускиот Уставен совет ја блокира забраната за пристап до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години, оценувајќи дека законот не обезбедува доволно правни гаранции при проверката на возраста и заштитата на слободата на изразување. Одлуката е удар за претседателот Емануел Макрон, кој силно ја поддржуваше забраната и сакаше таа да стапи во сила уште со почетокот на новата учебна …
Continue Reading
Жена физички нападнала 15-годишно девојче пред пешачки премин во Центар
Полицијата постапува по пријава за физички напад врз 15-годишно девојче во скопската општина Центар. Од МВР информираат дека на 13 август во 19 часот во СВР Скопје, 45-годишниот М.Г. од Скопје пријавил дека околу 15:15 часот, на подрачјето на Центар, пред пешачки премин, женско лице кое управувало патничко возило физички ја нападнало неговата 15-годишна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување …
Continue Reading
МВР: Бебе паднало на асфалт откако мајката ја превртела количката, пријава против двајцата родители
СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.М. (42) од Прилеп и Б.С. (37) од село во Општина Желино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело запуштање и малтретирање на дете. Според информациите од полицијата, на 14 јуни во Тетово, второпријавениот, кој бил под дејство на алкохол, ја напуштил првопријавената на улица со нивното тримесечно бебе. Потоа, првопријавената ја …
Continue Reading
(Видео) Пустош по големиот пожар кај Омиш, пронајдено и тело на починато лице
Полицијата денеска околу 13:30 часот, при преглед на опожареното подрачје кај Омиш, пронашла мртво тело на лице. Големиот пожар што синоќа избувна во Локва Рогозница се прошири кон Омиш и загрози бројни куќи и објекти, а дел од жителите и туристите беа евакуирани, јави „Индекс“. Во текот на ноќта 36 лица побарале лекарска помош, од кои 14 биле задржани во …
Continue Reading