Полицијата денеска околу 13:30 часот, при преглед на опожареното подрачје кај Омиш, пронашла мртво тело на лице.
Големиот пожар што синоќа избувна во Локва Рогозница се прошири кон Омиш и загрози бројни куќи и објекти, а дел од жителите и туристите беа евакуирани, јави „Индекс“.
Во текот на ноќта 36 лица побарале лекарска помош, од кои 14 биле задржани во болница, а седум се во тешка состојба.
Снимките направени од морето покажуваат каква пустош оставил пожарот – изгорени автомобили, објекти и големи опожарени површини.