(Видео) Путин за прв пат го посети спорниот остров во близина на Јапонија: Токио остро протестира
Рускиот претседател Владимир Путин го посети Итуруп, еден од островите во спорниот синџир Курилски Острови, за кој Јапонија тврди дека е негов, објавија руските медиуми во четврток. Неговата посета дојде еден ден по големите поморски вежби и ракетниот тест од страна на Северна Кореја, објави Ројтерс. Долгогодишен спор Москва и Токио не потпишаа формален мировен договор од Втората светска војна. …
Continue Reading
Македонија со скок од 29 позиции на Глобалниот индекс за сајбер безбедност
Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност (National Cyber Security Index – NCSI), искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии, извести Министерството за дигитална трансформација. Со резултат од 84,17 поени од можни 100, државата се вбројува меѓу земјите со високо ниво на подготвеност за спречување сајбер-закани и за управување …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Народот го поразува талогот од СДС, Филипче ја нападна прославата за независност, реки народ на Силно светнал ден во Велес
„Талогот од СДС со лаги, подметнувања, и дезинформации се нафрлија на прославата за независност на Македонија, при што самите го оправдаа епитетот даден од народот кон СДС – талог“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Одговорот стигна од народот кој во огромно мнозинство, по Охрид, Битола, вчера во Велес излезе и ја поддржа народната прослава ‘Силно светнал ден’. Со ова поразен е и …
Continue Reading
„ДУИ го користеше Охридскиот договор како личен банкомат“, велат од Влен
„И оваа година, по повод 25-годишнината од Охридскиот договор, ДУИ ги собира своите фотељаши на приватна прослава. Сите со долгогодишни кариери, изградени во името на Охридскиот договор и на грбот на Албанците. Охридскиот договор не е приватна сопственост на ДУИ. Тој е резултат на жртвата на една цела генерација. Но она што започна како чин на национална совест, ДУИ го …
Continue Reading
Одбележан Меѓународниот ден на младите со доделување на Наградите за младинско учество за 2026 година
По повод Меѓународниот ден на младите – 12 Август, вчера вечер беа доделени Наградите за младинско учество за 2026 година, со кои се оддава признание на младите, младинските организации и поединците кои со својата активност, иницијативи и посветеност придонесуваат за позитивни промени во заедницата. Настанот беше организиран од Министерството за социјална политика, демографија и млади во партнерство со Националниот младински …
Continue Reading
(Фото) Скандалите конечно се зад неа, сега ужива покажувајќи го своето згодно тело
Славната Кејт Мос (52) изгледаше неверојатно во црн едноделен костим за капење со длабоко деколте додека уживаше во сонцето со својата ќерка Лила за време на патување со брод покрај островот Форментера во Шпанија. Супермоделот (52) привлече внимание во елегантен едноделен костим за капење, кој го надополни со златен накит за време на крстарењето. Ова ги израдува и сите нејзини …
Continue Reading
(Фото) Нема поубава бремена жена: Гордо го откри стомакот и направи хаос на интернет
Сопругата на Шарл Леклер, Александра Леклер, предизвика бројни реакции на социјалните мрежи откако во среда објави фотографии од одморот на Сардинија, покажувајќи го своето трудничко стомаче. Двојката официјално потврди она што сите веќе го знаевме, дека наскоро ќе го добијат своето прво дете. Сопругата на ѕвездата на Формула 1 блескаше во смарагдно зелен комплет, горен дел и здолниште, а многумина …
Continue Reading
„Филипче на одмор на јахтата на Заев, од каде му нарачува на СДС да прави хистерија за водата во Скопје“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Каде е Венко Филипче? Венко Филипче седми ден е на одмор на јахтата на Зоран Заев, каде што на 6 август заминал со својот мотор преку граничниот премин Богородица. А СДС тоа го крие. Зошто се срамат да кажат дека нивните двајца лидери се на заеднички одмор, каде што уживаат во украдените пари“, прашува ВМРО-ДПМНЕ. „Од јахтата на Зоран Заев …
Continue Reading
Четврто издание на традиционалниот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“
Скопје се подготвува за уште една вечер за паметење! Во сабота, 12 септември 2026 година, од 20 часот, Паркот на франкофонијата ќе биде епицентар на четвртото последователно издание на традиционалниот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“, кој годинава се одржува во духот на големиот јубилеј – 50 години од формирањето на Општина Центар. Општина Центар и понатаму е единствена општина …
Continue Reading