„Талогот од СДС со лаги, подметнувања, и дезинформации се нафрлија на прославата за независност на Македонија, при што самите го оправдаа епитетот даден од народот кон СДС – талог“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Одговорот стигна од народот кој во огромно мнозинство, по Охрид, Битола, вчера во Велес излезе и ја поддржа народната прослава ‘Силно светнал ден’.
Со ова поразен е и Филипче кој 7-ми ден е на одмор на јахтата на Зоран Заев во Грција од каде работи против интересите на Македонија, шират хистерии и прават неуспешни протести.
Народот се ослободува и го поразува талогот во опстеството предводен од СДС. Фотографиите о покажуваат токму тоа“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.