Клековски: Епидемијата во Гостивар се смирува, фокусот сега е на хепатит А и Е и на други заразни болести

Акутната фаза на епидемијата во Гостивар е во смирување, а во консултација со Комисијата за заразни болeсти решивме да одредиме засилен здравствен надзор за постакутната фаза, односно фокусот сега е на хепатит А и Е и на други заразни болести, изјави министерот за здравство, Сашко Клековски. „Алерт до матичните лекари и здравствените институции во Гостивар сега фокусот да го стават …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: Сè уште нема документ за водата во Гостивар а нови градови се со отровна вода

Сè уште нема официјален документ. Сè уште никој не го покажа потпишаниот извештај со анализите за „техничката“ вода во Гостивар. Кој институт? Кој потпишал и одобрил? Кои се параметрите од анализата на водата, праша Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ. „Додека граѓаните чекаат, водата е отруена во повеќе од 8 населени места. Гостивар – труење, хиперхлорирање, „техничка …

Continue Reading

Владините мерки носат резултати, туризмот бележи раст од 40 проценти кај странските гости, се пофали Мицкоски

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос туристичката сезона која е во полн ек и резултатите од истата, изјави дека владините мерки и владината иницијатива за привлекување на туристи, носат резултати. „Имаме голем скок кај доаѓањата на нашите аеродроми. И тоа, впрочем го нотира Светска Банка во „Tourism watch“ во последната едиција од овој извештај, …

Continue Reading

Се гради низ целата држава, следува и трет повик за општински проекти, кажа Мицкоски од Илинден

Премиерот Христијан Мицкоски, при посетата на Општина Илинден, истакна дека низ државата во моментов се реализираат повеќе од 1.200 проекти финансирани преку средствата пренасочени од централниот буџет кон општините. „Добро е што се гради. Со овој проект на реалокација од централниот буџет кон општините имаме повеќе од 1.200 проекти коишто се градат и добро е што Македонија е едно големо …

Continue Reading

Сали: Турција беше и останува сигурен партнер на нашиот европски пат

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, се обрати на отворањето на Програмата за обука за управување со проектен циклус во рамките на иницијативата IPABRIDGE, која се одржува во Скопје од 28 до 31 јули 2026 година. Во своето обраќање, Сали изрази благодарност до Владата на Република Турција, Директоратот за прашања на Европската Унија и турските …

Continue Reading

Французин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом: полицијата пронајде уште четири

Тела на пет новороденчиња беа пронајдени денес во семејниот дом на еден пар во Оринџ, јужна Франција. Според извор близок до истрагата, полицијата ги открила остатоците од бебињата во картонски кутии. Откритието се случи само еден ден откако мајката вчера роди здраво бебе, објавува „Ле Паризиен“. Извор запознаен со случајот вели дека жената, родена во 1994 година, вчера вечерта го …

Continue Reading

Европска премиера на „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума во Сараево

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума е селектиран во главната натпреварувачка програма за игран филм на 32. Сараевски филмски фестивал, каде што ќе ја има својата европска премиера и ќе се натпреварува за престижното Срце на Сараево. Истовремено, филмот ја освои наградата „Камингс“ како победник во конкуренцијата „Во духот на слободата“ на 43. Филмски фестивал во Ерусалим. …

Continue Reading

Три најдобри сокови за намалување на крвниот притисок

Истражувањата покажуваат дека три црвени сокови можат да помогнат во намалувањето на крвниот притисок и со тоа да се намали ризикот од сериозни здравствени проблеми, како што се срцев удар и мозочен удар. Високиот крвен притисок, или хипертензија, е еден од најчестите здравствени проблеми кај возрасните. Тоа е состојба во која срцето мора посилно да пумпа крв низ телото, што …

Continue Reading

Преносна батерија се запали во патнички авион

Преносна батерија се запали во патнички авион на „Чајна Истерн Ерлајнс“ веднаш по слетувањето на меѓународниот аеродром Гуиџанг Лонгдонгбао во Кина, но никој не е повреден во инцидентот. Пожарот избувнал на летот кој летал од Ланџоу до Гуијанг, објави порталот „Саут Чајна Морнинг Пост“. Според кинеските медиуми, батерија во рачниот багаж на патникот се запалила додека авионот бил паркиран на …

Continue Reading