Уметничкиот проект „Скопје 63/63“ и театарска премиера на Скопско лето

Уметничкиот проект „Скопје 63/63“ и театарска премиера се вечерва на програмата на 47-мото издание на фестивалот Скопско лето, соопшти Дирекцијата за култура и уметност на Скопје. Со почеток во 20:30 часот на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан ќе се одржи проект насловен „Скопје 63/63“, кој се сочинува од промоција на книга „Скопје 63/63“ на проф. д-р Ивица Џепароски …

Continue Reading

Парното поскапе двапати за осум месеци, а Мицкоски пљачката ја прекрсти во „најниска цена во регионот“, обвини Левица

Во 2022 година, Мицкоски тврдеше дека поскапувањето на парното е пљачка на граѓаните, дека е последица на лоповлук и дека семејствата ќе плаќаат и до 120 евра повеќе годишно. Денес, кога Мицкоски е премиер, за само осум месеци им приреди на скопјани две последователни поскапувања – 5,9% од декември 2025 година и нови 5,96% од август 2026 година, односно кумулативно …

Continue Reading

Реал ќе го испрати Мастантуоно во Бенфика

Младиот фудбалер на Реал, Франко Мастантуоно, до крајот на преодниот рок веројатно ќе се пресели на позајмица во некој друг клуб, каде што ќе собира искуство. Бенфика се споменува како голем фаворит за неговиот потпис. Мастантуоно има само 18 години и не успеа да се избори за повеќе минути откако пристигна од Ривер Плата за вртоглави 45.000.000 евра. Со доаѓањето …

Continue Reading

Наградуваната претстава „Уна“ на Звездара театар гостува во Македонскиот народен театар

Македонскиот народен театар на 9 септември ќе биде домаќин на наградуваната претстава „Уна“ на Звездара театар од Белград, во режија на еден од најзначајните македонски режисери Дејан Пројковски, со маестралниот Никола Ристановски во главната улога. Создадена според драмскиот текст на Стеван Копривица, инспириран од култниот роман на Момо Капор, „Уна“ е современа и длабоко емотивна приказна за љубовта, сеќавањата, минливоста …

Continue Reading

Афера Пирло: Малдини и Леонардо поднесоа оставки

По скандалот што го спречи Андреа Пирло да стане селектор на Италија, Паоло Малдини и Леонардо поднесоа оставки и го напуштија проектот по само 16 дена на функцијата. Легендарниот капитен на Милан ја имаше улогата на технички директор, додека славниот Бразилец беше советник на Италијанската фудбалска асоцијација. Причината за нивното заминување е несогласувањето со претседателот на асоцијацијата, Џовани Малага. Поранешното …

Continue Reading

Шумските пожари во Франција убиваат илјадници животни: „Загубата е катастрофална“

Елени заробени во пламен, гуштери кои не можат да избегаат од топлината, живеалиштата се сведени на пепел – дивите животни плаќаат висока цена во пожарите во Франција. Околу 42.000 хектари шума западно од Бордо изгореа од средата, а властите стравуваат дека топлотниот бран прогнозиран оваа недела би можел да ги разгори пламените јазици. „Домови, обработливо земјиште и возила изгореа во …

Continue Reading

За пет часа, казнети 59 возачи на мотори и тротинети во Кочани и Виница

Вчера (27.07.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот, полицијата спроведе акциска контрола на подрачјето на Кочани и Виница, насочена кон санкционирање на возачи на мотоцикли и електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Во контролата биле изречени вкупно 59 санкции, од кои една за возач на лесно електрично возило (тротинет), 34 за управување мотоцикл без заштитен …

Continue Reading

(Видео) Ќерката на Том Круз официјално повеќе не го носи неговото презиме

Сури, ќерката на Том Круз и Кејти Холмс, официјално го промени своето презиме и сега е Ноел, што е средното име на нејзината мајка. Ова е потврдено со податоци од регистарот на гласачи првично објавени од Page Six. 20-годишната студентка на Универзитетот Карнеги Мелон во Питсбург се регистрираше за гласање под името Сури Ноел уште во октомври 2024 година. Таа …

Continue Reading

(Фото/видео) Уживајте во глетката: Европско село како од бајка, наместо улици има канали и повеќе од 170 мостови

На северот на Холандија се наоѓа селото Гиторн (Giethoorn), познато и како „холандска Венеција“ поради својот уникатен начин на живот и архитектура. Неговото старо јадро нема патишта, а жителите и посетителите стигнуваат до своите домови, училишта или продавници пеш или со брод. Нема патишта за автомобили низ старото јадро на селото. Наместо асфалт, во пејзажот доминираат канали и бројни дрвени …

Continue Reading