МВР приведе 10 возачи без дозвола, меѓу нив и двајца малолетници со „мерцедеси“

Десет лица, меѓу кои и двајца малолетници, биле лишени од слобода во засилени сообраќајни контроли спроведени низ државата, откако биле затекнати како управуваат моторни возила без возачка дозвола или без соодветна категорија, соопшти МВР. Во Скопје биле приведени двајца малолетници, едниот на булеварот „Македонско-Косовска Бригада“, а другиот во село Студеничани, кои управувале автомобили „мерцедес“ без да поседуваат возачка дозвола. На …

Continue Reading

Владата ќе обезбедува по 50.000 литри бесплатна вода дневно за граѓаните на Гостивар

Владата соопшти дека интервентно ќе обезбедува по 50.000 литри бесплатна вода за пиење дневно за граѓаните на Гостивар, почнувајќи од денес и во наредните неколку дена, поради состојбата со водоснабдувањето во градот. Како што информираат од Владата, од првиот момент се во постојана координација со сите надлежни институции и внимателно го следат развојот на настаните. „Покрај институционалниот одговор, постапувањето на …

Continue Reading

УХМР најавува до 40 степени утре, попладне пороен дожд, грмежи и услови за град

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 …

Continue Reading

Бран случаи на семејно насилство низ државата

Во текот на изминатото деноноќие, Министерството за внатрешни работи регистрираше повеќе случаи на семејно насилство во Скопје, Радовиш и Струмица, при што во три случаи се извршени приведувања. Во Скопје, 36-годишен маж пријавил дека бил физички нападнат од неговата 35-годишна поранешна сопруга на подрачјето на Центар. Неколку часа подоцна, и 35-годишната жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот 36-годишен …

Continue Reading

По реакциите за билбордот, поставен нов – „Грешката е исправена, Градот не плаќа ништо“, рече Ѓорѓиевски

По бројните реакции во јавноста за билбордот на влезот во Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски соопшти дека е поставен нов знак, а трошоците за неговата изработка и корекција ќе ги сноси компанијата што го изработила. Во објава на Фејсбук, Ѓорѓиевски порача дека „кој работи и греши“, додавајќи дека го радува што, според него, најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка. „Тоа …

Continue Reading

Тинејџер и 15-годишна сопатничка тешко повредени во судир на мопед и автомобил кај Охрид

Двајца малолетници се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила на локален пат во охридското село Долно Лакочереј, а кај возачот на автомобилот биле утврдени 1,20 промили алкохол во крвта. Како што соопшти МВР, несреќата била пријавена на 18 јули во 14:45 часот и се случила помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од К.П. (38) …

Continue Reading

Антонели победи во Спа Франкошамп

Андреа Кими Антонели, шестата победа во сезоната ја забележа на легендарната патека Спа Франкошамп. 19-годишниот Италијанец ја освои Големата награда на Белгија пред Шарл Леклер од Ферари и Макс Ферстапен од Ред Бул. Антонели уште еднаш имаше брилијантно издание, не потклекна ниту кога Леклер се стекна со предност, кога го искористи виртуелното возило за безбедност за да стави нови гуми …

Continue Reading

Отстранет билбордoт „Добредојдовте во Скопје“ по реакциите во јавноста

По 48 часа од неговото поставување, денеска е отстранет билбордот со натпис „Добредојдовте во Скопје“, кој предизвика голем број коментари на социјалните мрежи. Билбордот создаден со помош на вештачка интелигенција стана предмет на потсмев поради бројните визуелни аномалии. Најголемо внимание кај граѓаните предизвика приказот на коњот Букефал, кој беше нацртан со пет нозе, како и необичниот изглед на шлемот на …

Continue Reading

Мотоцикл удри во седумгодишно дете во Куманово

Седумгодишно дете е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово. Како што соопшти МВР, мотоцикл „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.С. (32) од Куманово, удрил во детето. Во несреќата детето се здобило со повреди и било пренесено во Општата болница во Куманово за укажување лекарска помош. Увид на местото на …

Continue Reading