Трамп до американските телевизиски станици кои не го емитуваа неговото обраќање: Треба да им бидат одземени лиценците

Две од трите главни американски телевизиски мрежи, NBC и ABC, како и CNN, не го емитуваа обраќањето на Доналд Трамп во ударниот термин во четвртокот, што го натера американскиот претседател да каже дека биле вклучени во заговор и дека треба да им бидат одземени лиценците. „Каналите за лажни вести NBC и ABC рекоа дека нема да го пренесуваат мојот говор. …

Continue Reading

Пекинг: Кина нема интерес да влијае на американските избори

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан, денес изјави дека Кина ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека тој се мешал во изборите во САД, оценувајќи ги како неосновани и злонамерни. На редовната прес-конференција, Џиан рече дека ваквите обвинувања се „целосно измислени“ и дека одамна е докажано дека немаат основа во фактите, објави „Глобал тајмс“. Лин …

Continue Reading

Повеќе од 50 куќи беа уништени во пожар во Норвешка

Повеќе од 50 куќи беа уништени во пожар што избувна денес во близина на градот Драмен во јужна Норвешка, но засега нема извештаи за жртви или исчезнати лица, соопштија спасувачките служби. Според извештаите, напорите за гаснење на пожарот беа попречени од силни ветрови, објави Ројтерс. Густ црн чад ја покри областа околу 50 километри западно од Осло, а пожарот зафати …

Continue Reading

(Видео) Канадските пожари ги зафатија Вашингтон, Чикаго, Детроит: постои загриженост пред финалето на Светското првенство

Околу двесте пожари надвор од контрола горат низ Канада, а чадот што се шири од овие пожари, исто така, зафати милиони жители на североисточниот дел на САД. Според најновите податоци од канадските власти, 209 од вкупно 893 активни пожари низ целата земја во моментов се надвор од контрола, објавува „Франс Прес“. 🔥 Más de 830 incendios forestales siguen activos en …

Continue Reading

Девојче во Италија почина откако косата ѝ се заглави во одводот на базенот

Единаесетгодишно девојче почина во болница откако косата ѝ се заглави во одводот на базенот во Сестри Леванте. Девојчето, идентификувано како Алис, починало синоќа на интензивната нега во педијатриската болница Гаслини во Џенова, два дена по несреќата. Обвинителството отвори истрага за убиство од небрежност, објавија италијанските медиуми. Несреќата се случила во вторникот попладне на плажата Сегеста на шеталиштето Дескалцо. Девојчето, од …

Continue Reading

Загина 54-годишен маж од Прилепско: се превртел со тракторот

Синоќа во 20:00 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на с. Подмол, прилепско, бил пронајден превртен трактор, претходно управуван од М.Т.(54) од с.Канатларци. Од здобиените повреди, М.Т.  починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција, а увидот го извршила увидната екипа …

Continue Reading

Eвропа крева штит: Мерц и Макрон ги здружија силите против Кина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон денес ветија дека ќе ја продлабочат одбранбената соработка и ќе се спротивстават на силната економска конкуренција од Кина, која, според нив, врши голем притисок врз Европа поради прекумерното производство и потценетата валута. Мерц и Макрон се состанаа како дел од редовните заеднички седници на владите на двете земји, обидувајќи се да …

Continue Reading

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди?

Најавата за изградба на Национален дата центар отвора важно прашање на кое засега нема јасни одговори. Министерот за дигитална трансформација во најавата на овој проект информираше дека е изработена физибилити студија која ја потврдува техничката и финансиската изводливост на проектот. Но, притоа никаде во најавата не се споменуваат еколошките стандарди и влијанието врз животната средина при потенцијалната реализација на таквата …

Continue Reading

Левица по труењето во Гостивар: Време е да се признае колку државата назадува од Југославија наваму

По актуелната состојба во Гостивар, каде повеќе од илјада граѓани побарале лекарска помош, а поради сомнеж за неисправна вода за пиење, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, преку објава на социјалните мрежи направи споредба меѓу состојбата во поранешна Југославија и денешната состојба во Македонија, осврнувајќи се на деградацијата на животната средина, јавната инфраструктура, урбанизмот и културното наследство. „Во Југославија, особено во …

Continue Reading