Љутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска оствари средба со Султан Раев генерален секретар на Меѓународната организација за турска култура ТУРКСОЈ (TURKSOY) На средбата, министерот Љутков упати благодарност за укажаното гостопримство за време на неговата посета на Анкара пред неколку месеци и изрази задоволство што генералниот секретар Раев, сега има можност да ја посети нашата земја, да се запознае …

Continue Reading

Маж од Дебарско ги нападнал поранешната сопруга и нејзината мајка

Во ОВР Дебар утрово 00:30 часот, од слобода бил лишен О.Б.(33) од село во дебарско. Полицијата постапила по претходна пријава дека тој физички ја нападнал неговата поранешна сопруга и нејзината мајка. Според МВР, по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Тројца повредени во сообраќајка во Охридско: едниот од возачите бил пијан

Вчера во 19:15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, во близина на охридското село Рача, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Љ.Ј.(48) од Охрид и патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Г.П.(59) од Охрид. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Љ.Ј., констатирани …

Continue Reading

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта: остана без возило

Синоќа во 18:39 часот, на магистралниот пат Охрид-Подмољје, лишен од слобода е С.С.(47) од Охрид. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „фиат“ со охридски регистарски ознаки, што тој го управувал и притоа кај него констатирале 2,41 промили алкохол во крвта. Возилото е одземено, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава …

Continue Reading

Франција го чека противникот во полуфиналето, Белгија или Шпанија

Вечерва, во Лос Анџелес (21.00 часот), ќе го добиеме вториот полуфиналист на Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико (11 јуни – 19 јули). Победникот за место во финалето ќе игра против доминантната Франција, која вчера рутински со 2:0 го победи Мароко. Актуелниот европски шампион, Шпанија, се смета за фаворит на хартија. Поради трофејот освоен пред две години, …

Continue Reading

Центар за услуги во Прилеп, Андоновски најави дека граѓаните на едно место ќе добијат информации и пристап до услуги од повеќе институции

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска го посетија Центарот за услуги во Прилеп, воспоставен како резултат на соработката меѓу Министерството за дигитална трансформација и Општина Прилеп „Ми претставува особено задоволство што започна со работа Центарот за услуги во Прилеп, заеднички проект на Министерството за дигитална трансформација и Општина Прилеп, сместен во …

Continue Reading

Дури и на анкетите на Мицкоски, Левица расте со пратеници – тој изгуби 100.000 гласа за една година, велат од оваа партија

Не е случајно што ДПМНЕ ја прогласи дијаспората за своја единствена црвена линија кога и нивните дебело платени анкети (платени од јавни пари) кои ги користи како доказ за сопствената непобедливост бележат пад на нивната поддршка. Наместо да се соочи со незадоволството што расте дома, Мицкоски политичкиот спас очигледно почна да го бара надвор од државата, велат од Левица. „Впрочем, …

Continue Reading

На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

Со гала концертот „Љубов“ на големата оперска ѕвезда Ермонела Јахо од Албанија и американскиот тенор Чарлс Кастроново, на 12 јули на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Тие ќе настапат под диригентската палка на Италијанецот Марко Боеми а во придружба на Националната опера и балет. Според првиот човек на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи …

Continue Reading

Полскиот министер за надворешни работи: Русија подготвува нови саботажи во Европа

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски изјави дека западните земји имаат, како што тврди, веродостојни разузнавачки информации дека Русија подготвува нови саботажни акти во Европа. Сикорски изјави дека целта на јавното презентирање на овие предупредувања е да се одврати Москва од наводни провокации и да се спречи нивното спроведување. „Денес мора да ни верувате – не само мене, туку …

Continue Reading