(Видео) Во Драч уапсени две лица припадници на организираната криминална група „Беланоца“

Според информација од македонската полиција, во Драч, Р.Албанија спроведена е меѓународна полициска операција во која од слобода се лишени М.Џ.(26), роден во Скопје и С.Н.(34), роден во Норвешка, двајцата припадници на организираната криминална група „Беланоца“, за кои Интерпол има издадено меѓународни потерници за сторени кривични дела „убиство”, „убиство во обид”, „тешка телесна повреда”, „недозволено изработување, држење и тргување со оружје …

Continue Reading

(Видео) Јанков: Со интензивна работа, за половина година успеавме да го намалиме долгот на општина Струмица

Предолго молчевме, работејќи во тишина за да ги решаваме проблемите што ги наследивме, но кога некој се обидува да ја искриви реалноста и да ја доведе јавноста во заблуда, наша должност е да ги изнесеме фактите пред граѓаните, истакна на прес-конференција Петар Јанков, градоначалник на Општина Струмица. „Кога ја презедов функцијата градоначалник не наследив стабилна и финансиски здрава општина, наследив …

Continue Reading

Ќе се испитува безбедноста на игралиштето во Гостивар каде што 14-годишно девојче почина по пад од лулашка

Основното јавно обвинителство Гостивар побара обдукција на 14 – годишното девојче кое почина откога падна од лулашка на игралиште во Гостивар. Ќе се испитуваат сведоци и ќе се проверува безбедноста на реквизитите на игралиштето. „Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на лице место. Дадена е наредба за обдукција, како и  насоки да се преземат повеќе дејствија за …

Continue Reading

Ја принудувале да клекне и да им се извини, ја удирале со шлаканици и ја влечеле за коса: ОЈО бара забрана насилниците да и се приближуваат на жртвата од Аеродром

Јавен обвинител од Одделението за малолетници при Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот судија за деца поднесе барање да се поведе подготвителна постапка против две 14-годишни девојчиња за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствие кое со закон е предвидено како кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За еден …

Continue Reading

Кампаз не се вратил во Колумбија поради смртни закани

Во 114-та минута од натпреварот од осминафиналето помеѓу Швајцарија и Колумбија, Гранит Џака направи грешка и му овозможи голема шанса на Хамингтон Кампаз. За ѓал на Колумбијците, играчот од редот за врска, шутираше над голот. Подоцна Швајцарците славеа на пенали со 4:3 се пласираа во четвртфиналто каде ги чека Аргентина. Популарниот „Ел Бичо“, како што е познат на својот континент, …

Continue Reading

Од сефот во банка и украле пари и часовник: ограбена скопјанка

61-годишна жена пријавила во полиција дека ѝ биле одземени пари и часовник од сеф во банка, кој таа го имала закупено. Според полицијата, вчера во 14:20 часот во СВР Скопје 61-годишната жена пријавила дека од сеф во банка, кој таа го закупила,  биле одземени пари и часовник. МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Continue Reading

21-годишник поттикнал малолетник да ја украде картичката на дедо си па подигале пари од банкомат

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.В. (21) од Пехчево. Тој се сомничи за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Имено пријавениот поттикнал малолетник да одземе банкарска картичка од неговиот дедо и без негова согласност и дозвола од банкомат во седум наврати подигале парични средства, при што на оштетениот му нанеле вкупна …

Continue Reading

Го стартувал тракторот во дворот па бил прегазен: тешко повреден кавадарчанец

Ноќеска во 20:00 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека во Општата болница Кавадарци за укажување лекарска помош бил донесен Р.М.(75) од Кавадарци, а од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Според пријавеното, во дворот од домот, тој стартувал трактор додека стоел до него, по што тракторот се придвижил и го прегазил. Известен бил јавен обвинител, а …

Continue Reading

Почина 14-годишно девојче од Кавадарци: паднало од лулашка во парк

Четиринаесетгодишно девојче од Кавадарци, кое престојувало во Гостивар, починало откако паднало од лулашка во парк во градот. Имено според пилицијата, синоќа во 20:20 часот во СВР Тетово, од Медицинскиот центар Гостивар било пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, со престој во Гостивар. Според пријавеното, малолетничката паднала од лулашка во паркот во Гостивар, …

Continue Reading