Уапсен 72-годишник од Радовиш, со ловечка пушка усмртил куче

Седумдесет и двегодишен жител на Радовиш е лишен од слобода откако полицијата утврдила дека со ловечка пушка усмртил куче на улица, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, на 3 јули во 10:30 часот, полициски службеници од ОВР Радовиш го привеле Р.Л. (72) од Радовиш. Претходно било пријавено дека на 2 јули околу 22:00 часот на улицата „Благој Мучето“ се …

Continue Reading

Повреден 45-годишен работник во рудник во пробиштипско

Четириесет и петгодишен жител на Кратово е повреден при извршување работни задачи во рудник во пробиштипско, информира Министерството за внатрешни работи. Според МВР, на 3 јули во 20:35 часот во ОВР Пробиштип, од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив со повреда бил донесен Ј.К. (45) од Кратово.

Continue Reading

Мицкоски: Има маркети со повисоки маржи, но имињата засега нема да ги откривам

Владата ќе разговара со трговските синџири кај кои се утврдени неоправдано зголемени маржи, но засега не би сакал да спомнувам имиња, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, потенцирајќи дека разговорите ќе се водат директно и без јавни препукувања. Одговарајќи на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник на затворен базен во ООУ „Ацо Шопов“ во Општина Бутел, Мицкоски рече дека не сака јавно …

Continue Reading

Прв пат во државава извршена нова метода за прецизна дијагностика на срцеви заболувања

Тимот за интервентна кардиологија при ГОБ „8ми Септември” воведе нова, иновативна метода – „CoroFlow” – софистициран софтверски медицински систем за прецизна проценка и детектирање дисфункција во микроциркулацијата на срцевиот мускул, информира Министерството за здравство. Во објавата на Министерството за Фејсбук се наведува дека оваа метода овозможува попрецизна проценка на состојбата на коронарната микроциркулација, што придонесува за подобра дијагностика и третман …

Continue Reading

Пијан возач удрил малолетен велосипедист и избегал од местото

Петнаесетгодишно момче од Охрид се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа, откако во него удрило патничко возило чиј возач го напуштил местото на настанот, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, несреќата се случила на 3 јули во 17:20 часот на крстосницата од булеварот „Македонски Просветители“ и улицата „Димитар Влахов“ во Охрид. Во неа учествувале велосипед управуван од …

Continue Reading

Возеле без дозвола и под дејство на алкохол, полицијата приведе четворица возачи

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници лишиле од слобода четворица возачи на различни локации низ државата поради безобѕирно управување со моторно возило, информира Министерството за внатрешни работи. Според МВР, двајца од приведените, во скопскиот и тетовскиот регион, управувале возила без да поседуваат возачка дозвола, додека останатите двајца, во Скопје и Гостивар, биле затекнати како возат под дејство на алкохол. …

Continue Reading

Големиот корален гребен нема да биде впишан на листата на загрозени локалитети на светското наследство

Австралија ја поздрави нацрт-одлуката на УНЕСКО, со која Големиот корален гребен нема да биде впишан на листата на загрозени локалитети на светското наследство, и покрај последиците што климатските промени ги имаат врз овој природен бисер. Австралиската заменик-министерка за туризам, Нита Грин, оцени дека ваквата одлука претставува признание за континуираните напори на земјата во заштитата и управувањето со Големиот корален гребен. …

Continue Reading

Малолетник кршел дома, друг ја тепал бабата, син ја тепал мајката, маж ја нападнал сопругата…

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на последното деноноќие биле евидентирани осум случаи на семејно насилство, при што седум лица биле лишени од слобода, а со еден малолетник бил извршен службен разговор. Во Струга бил приведен 46-годишен маж, осомничен дека физички ја нападнал својата мајка, додека во Скопје бил лишен од слобода 47-годишник, кој, според пријавата, физички ја …

Continue Reading

Оштетени врати и запалени учебници во двор на основно училиште во Ѓорче Петров

Непознати сторители вчеравечер ги оштетиле влезни врати на спортската сала во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров и одземале два противпожарни апарати, кои потоа биле употребени во дворот на училиштето каде биле запалени учебници. Според информациите од МВР, вчера во 13:35 часот во СВР Скопје од училиштето било пријавено дека во временски период од 04:00 до 05:00 часот на …

Continue Reading